Besar Ademi
04 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Членот на Македонската акедемија на науките и уметностите (МАНУ), академик Владо Камбовски, на доделувањето на наградата „Гоце Делчев” за 2017 година во просториите на МАНУ, остро ги осуди насилните настани од 27-ти април во Собранието на Македонија, каде беа повредени околу 100 луѓе, вклучувајќи и пратеници, медиумски работници и полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Камбовски истакна се работи за срамен индицент, срамен чин и упати критики кон оние кои го организираа, поттикнуваа и помогнаа да се спроведе овој немил настан. Академик Камбовски додаде дека напаѓачите и поттикнувачите на овој инцидент го нападнаа Собранието на слободна Македонија, како што истакна, на држава со полноправен статус на членство во меѓународната заедница и со вредност што само мал број на луѓе во светот ја имаат, држава со мултиетничко општество која се подготвува за пристап во евро-атлантските интеграции.
„На тие што со такви злодела го повредуваат достоинството на секој наш граѓанин, националната гордост, мирот и надежта во подобро утре убеден сум дека ќе им се суди праведно, на оние што ова го сториле, или на оние што пропустиле да го спречат", успеале рече Камбовски.
Камбовски истакна дека одговорните лица и организаторите на овој инцидент треба да бидат внимателни со своите повици кон граѓаните, и апелираше до граѓаните да работат на воспоставување на пријателство и толеранција во ова мулти-етничко општество, за да се надмине политичката или етничката поделеност.