Elvır Hodzıc
29 Мај 2022•Ажурирај: 30 Мај 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Спортски авион од типот „Цесна“ денеска се урна со четворица патници северно од Раковица, Хрватска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Спортски авион со четири патници исчезна денес северно од Раковица. Освен МВР, на терен се и 30 припадници на ХГСС. Пристигнуваат уште 30 припадници, меѓу кои и К9 тимови (заб. ав. со кучиња трагачи)“, објави на Твитер Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС).
Полицијата претходно соопшти дека авион од типот „Цесна 182“ во 11:25 часот исчезнал во поширокото подрачје на Слуњ додека летал од правец на Сплит кон Германија.
Веднаш по пријавата, во потрага на терен вклучени се 34 полициски службеници, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција, како и 28 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон во потрагата, соопштено беше претходно од Полициската управа во Карловац.