Tevfik Durul
03 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, по референдумот што се одржа во неделата во Македонија за Договорот од Преспа, со кој се изнаоѓа решение за проблемот за името со Грција, ја даде следната изјава: „Ќе продолжиме да ги поддржуваме просперитетот и безбедноста на пријателската земја Македонија и нејзиното членство во НАТО и ЕУ“, јавува Anadolu Agency (AA).
По прашањето коешто беше упатено до турското Министерство за надворешни работи во врска со референдумот што во неделата се одржа во Македонија, портпаролот Аксој даде писмена изјава.
Аксој во писмото истакна дека од прогласувањето на независноста наваму, Турција ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име, и додава: „Како и досега, и во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме просперитетот и безбедноста на пријателската земја Македонија и нејзиното членство во НАТО и ЕУ“.
- Референдумот во Македонија
За прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција кој предвидува промена на името во „Република Северна Македонија“, во Македонија на 30 септември се одржа референдум на кој беше поставено прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“
Излезноста на гласачите изнесуваше 36,91 отсто. Од гласачите што излегоа на гласање, 91,46 отсто го дадоа својот глас „за“, додека 5,65 отсто беа „против“.
Сега во исчекување е гласањето за Договорот од Преспа во македонскиот Парламент. За усвојување на Договорот, ќе биде потребпотребно 81 пратеник, од 120 колку што брои македонскиот Парламент, да дадат поддршка за Преспанскиот договор.