Andelija Stojkovic
15 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија нема да се согласи на договор со Приштина, доколку тоа не подразбира сеопфатен пакет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не сум оптимист по прашањето за договорот. Да ви кажам искрено, не ми паѓа ниту на памет, доколку мислите дека договорот е возможен без сеопфатен пакет, без дополнителна економска помош за Србија и драматично побрз раст на Србија во секој поглед“, рече Вучиќ на конференцијата за новинарите.
Вучиќ, неодамна во интервју за странски медиуми, изјави дека доколку дојде до потпишување на договор меѓу Белград и Приштина, ќе бара цврсти гаранции за влез на Србија во ЕУ.