Admir Fazlagic
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 997 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 48.613, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 во последното деноноќие се починати 31 лице, со што вкупната бројка на смртните случаи во земјава предизвикани од овој вирус се искачи на 1.376.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на оздравени лица изнесува 28.646.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 18.591.
Досега во земјата се направени вкупно 296.802 тестирања на Ковид -19, од кои во последните 24 часа се направени 2.930 тестирања.