Nuri Aydın
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 56 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, досега вкупно 56.016.137 лица се заразени со овој вирус во светот.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде со Ковид-19 заразени се 11.697.469 лица.
По САД следуваат Индија (8.912.907), Бразил (5.911.758), Франција (2.036.755), Русија (1.991.998), Шпанија (1.535.058), Велика Британија (1.410.732), Аргентина (1.329.005), Италија (1.328.072) и Колумбија (1.211.128).
Досега од Ковид-19 во светот починаа 1.345.070 лица, додека 39.028.474 успееја во борбата против овој вирус.