Балкан

„Резултатот од гласањето за Косово во Собранието на ИНТЕРПОЛ добар за Србија“

Вучиќ изјави дека Србија работи и со сите 76 земји кои во првиот круг гласаа „за“, додавајќи дека желба му е да развие пријателство и компромис со Албанците, но порача дека Србија не е земја која може лесно да се понижи и прегази.

Senita Şeherçehayiç  | 20.11.2018 - Обновена : 20.11.2018
„Резултатот од гласањето за Косово во Собранието на ИНТЕРПОЛ добар за Србија“

Belgrade

БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека резултатот од денешното гласање на седницата на Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ, на која Косово не е примено во членството на оваа организација, за Србија е многу добар, јавува Anadolu Agency (AA).

За прием во членство во ИНТЕРПОЛ потребно е да се обезбеди двотретинско мнозинство на членките на оваа организација, а како што нагласи Вучиќ, „за прием на Косово не гласаше ни просто мнозинство“.

„Тоа зборува дека Србија ја засилила својата позиција, од една страна. А од друга страна, не смееме да бидеме еуфорични. Ова е успех на една мала земја, која својот успех не смее да го заснова на пркос и инает, туку на рационален пристап, да размислува за компромис и економски напредок, и оваа можност не смее да ја искористи да ја понижува и омаловажува приштинската страна“, изјави Вучиќ во обраќањето по објавените резултати од гласањето на Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ во Дубаи, во кое Косово не е примено во членството на оваа меѓународна организација.

Велејќи дека е горд на борбата на својата земја, Вучиќ се заблагодари на сите кои гласаа „против“ зачленувањето на Косово, како и на оние кои беа воздржани, велејќи дека сега не сака да издвојува која било од земјите.

Вучиќ изјави дека Србија работи и со сите 76 земји кои во првиот круг гласаа „за“, додавајќи дека желба му е да развие пријателство и компромис со Албанците, но порача дека Србија не е земја која може лесно да се понижи и прегази.

„Пријателството и поддршката на земјите кои ни помогнаа, нема да ги заборавиме никогаш“, изјави претседателот на Србија.

Тој додаде дека од сите земји за кои Србија сметала дека ќе бидат воздржани за време на гласањето, само една гласала „за“ и дека тоа бил Парагвај.

„Извршивме разговори со парагвајското раководство, но Парагвај, за жал, гласаше против нас“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија и понатаму ќе разговара со Парагвај.

На 87. Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ кое се одржува во Дубаи, при гласањето за барањето на Косово за прием во членството на оваа организација, не е обезбедено потребно двотретинско мнозинство, со што Косово не стана член на ИНТЕРПОЛ.

Косово апликацијата за членство во ИНТЕРПОЛ ја поднесе во 2010, 2015 и 2017 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın