Балкан

„Приемот на Македонија во НАТО ќе доведе до зголемување на стабилноста на регионот"

„Силно веруваме дека приемот на Македонија во НАТО ќе доведе до натамошно зголемување на стабилноста и безбедност на регионот. Оттука цврсто ја поддржуваме Македонија што е можно поскоро да добие статус на полноправна членка“, пишува во изјавата.

Admir Fazlagic  | 14.11.2018 - Обновена : 15.11.2018
„Приемот на Македонија во НАТО ќе доведе до зголемување на стабилноста на регионот" (Foto: Adel Omeragic - Anadolu Agency)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерката за одбрана на Република Македонија,Радмила Шекеринска, денеска учествуваше на состанокот на министри од САД-Јадранската повелба (група А5) што се одржува во Будва. На состанокот присуствуваа и министрите за одбрана на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, како и заменик помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што соопшти Министерството за одбрана на Република Македонија, пред почетокот на состанокот министерката Шекеринска имаше работен појадок со заменик помошничката на секретарот за одбрана на САД Купер, при што, како што стои во сооптешнието, била истакната силната поддршка до Македонија од стратешкиот партнер САД и уверувањето дека со полноправното членство во НАТО, Македонија ќе стане дополнителен фактор за стабилноста и безбедноста на регионот.

Претставничката на САД беше информирана дека Македонија ја изготвила и наскоро ќе ја презентира пред НАТО Програмата за продолжување на реформи и дека минатонеделната посета на Воениот комитет на НАТО е сигнал дека интегрирањето на Македонија во Алијансата добива се појасни контури и видливост во меѓународните рамки.

Министрите за одбрана од групата А5 и заменик помошничката Лора Купер во име на секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис, потпишаа заедничка Изјава во која меѓу другото посебно се нагласува финиширањето на пристапните разговори и се поздравува идното членство на Македонија во НАТО. 

„Силно веруваме дека приемот на Македонија во НАТО ќе доведе до натамошно зголемување на стабилноста и безбедност на регионот. Оттука цврсто ја поддржуваме Македонија што е можно поскоро да добие статус на полноправна членка“, се нагласува во заедничката изјава.

Како што се наведува, учесниците на состанокот се заложија за натамошно продолжување на политиката на отворени врати за прием на нови членки на Алијансата со цел поддршка на аспирациите на останатите земји од регионот. Беше афирмирана и заедничката посветеност на НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан при што потписниците се обврзаа на натамошно учество во меѓународните мисии на Алијансата.

Тема на министерскиот состанок беше регионалната соработка и посветеноста на земјите членки на групата А5 - Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска и Црна Гора, на интеграцијата на земјите од Југоисточна Европа во евроатлантските структури.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın