политика, Балкан

„Не можеме да ја смениме географијата и историјата, но може да ја обликуваме иднината“

„Со Грција инвестиравме во едно пријателство врз основа на заемно разбирање и почит. Не можеме да ја смениме географијата и историјата, но можеме да ја обликуваме нашата иднина“

İhvan Radoykov  | 18.06.2018 - Обновена : 19.06.2018
„Не можеме да ја смениме географијата и историјата, но може да ја обликуваме иднината“ АА/Архива

Sofiya

СОФИЈА (АА) – Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, кој престојува во посета на Бугарија, во врска со постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција околу спорот за името истакна дека со Грција инвестирале во едно пријателство врз основа на заемно разбирање и почит, јавува Anadolu Agency (AA).

„Со Грција инвестиравме во едно пријателство врз основа на заемно разбирање и почит. Вчера се случи еден историски ден. Не можеме да ја смениме географијата и историјата, но можеме да ја обликуваме нашата иднина“, нагласи Димитров во обраќањето на конференцијата на Комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите – членки на Европската унија и на земјите – кандидати која се одржа во главниот град на Бугарија, Софија, осврнувајќи се на договорот кој го реши долгогодишниот спор за името меѓу двете земји.

„Ова е регион кој географски не е на маргините на ЕУ, туку остров опкружен со земји-членки на ЕУ“, рече шефот на македонската дипломатија.

Тој истакна дека потребно е да се отвори патот на Македонија кон членство во ЕУ, и дека не се инсистира на тоа да се стане членка на ЕУ „утре“, туку се сака пристап до процесот за членство, којшто според него, е најдоброто средство за реформи.

„Веќе сакаме да го најдеме клучот за оваа врата бидејќи немаме друга врата. Се надевам дека нема да има некоја друга врата покрај оваа“, додаде министерот Димитров.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın