Zülfiya Yakup
02 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
ПРИШТИНА (АА) - Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шеќеринска, која денес престојува во официјална посета на Косово, порача дека нејзината земја го поддржува ставот на меѓународната заедница дека трансформацијата на Безбедносни сили на Косово (БСК) во Војска треба да се изврши со уставни промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Шекеринска беше дочеката од домаќин министерот на БСК Рустем Бериша со воена церемонија, по која е одржан состанок прво на министрите, а потоа и на двете делегации.
На заедничката прес-конференција Шекеринска нагласи дека соседите треба да помагаат, а не да одмагаат едни на други.
„Република Македонија секогаш водеше сметка за ставот којшто го слуша во Приштина, во региоот, о и на ставот којшто го има меѓународната заедница и во таа смисла навистина дадовме поддршка на ставовите на меѓународната заедница коишто се однесуваат на процедурата која мора да се почитува, која мора да ја земе в предвид целата политичка состојба и мора да ги земе в предвид сите сензитивности на ова прашање. Во таа смисла, го почитуваме ставот на меѓународната заедница дека овој процес треба да се води низ процес на уставни промени. Во тој дел ние како добри соседи не се мешаме", рече Шекеринска.
Министерката за одбрана на Македонија додаде дека Македонија е спремна со Косово да го подели своето искуство и да понуди помош.
„Во секој од тие договорени чекори ние сме спремни да понудиме помош и искуство коишто и самите ги имаме", изјави министерката Шекеринска.
Исто така, таа изрази подготвеност Македонија да гради искрени, отворени и поинтензивни односи со сите соседи па така и со Република Косово.
Според нејзините зборови,определувањето на Владата на Македонија и Косово кон изградбата на добри соседски односи е потврдено и со учеството на Бериша на состанокот кој кон крајот на 2017 година е организиран во Охрид, состанок во формат А5 Американско-јадранска повелба, а тоа ќе биде потврдено и во 2018 година кога се очекува заедничка седница на двете влади.
Шекеринска посебно ја потенцираше успешната соработка во областа на военото образование, бидејќи на Воената академија во Скопје има кадети од Косово, од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Таа порача дека тие птиомци се идни воени лидери, кои ќе придонесат за уште поголема соработка и доверба меѓу нивните земји.
Министерот Бериша рече дека билатералниот договор за соработка меѓу двете земји ќе биде потпишан следниот месец и дека во мај воен контингент од Македонија ќе учествува во заедничката воена вежба со Косово "Orao 6".
„Нашата цел, како БСК, е да се приклучиме и да се интегрираме во НАТО. Во овој поглед, во врска со регионалната соработка ние сме заинтересирани за подобрување на соработката со сите земји-членки на НАТО и со оние кои имаат аспирации да станат тоа. Соработката во иднина ќе се унапреди во борбата против негативните феномени кои би можеле да ја загрозат безбедноста, било регионално или глобално“, рече Бериша.
Министерката Шеќеринска ќе биде пречекана и од премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.