Ivana Ramadanova
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во рамките на Годишната регионална Конференција со работен наслов „Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан” денеска во Министерството за надворешни работи се одржа третата сесија во организација на конзорциум од невладини организации предводени од Европското движење – Црна Гора и Евротинк – Македонија, јавува Anadolu Agency(AA).
На завршната сесија пред присутните зборуваше Министерката за европска интеграција на владата на Косово, Дурата Хоџа која истакна дека процесот на европска интеграција останува една од главните цели на надворешната политика на Република Косово.
„Процесот на европска интеграција останува како една од главните цели на надворешната политика на Република Косово. Аспирацијата на нашето општество и, следствено, обврската за работа за нас политичките претставници, останува продолжување на консултациите и почитување и владеење на правото како и воспоставувањето функционална пазарна економија. Со почитување на основните критериуми за членство во ЕУ со тоа, ги сметаме европските вредности како часови и нашето патување не е целосна без да се приклучиме на европското семејство", истакна Хоџа.
Според Александар Андрија Пејовиќ, министер за европска интеграција на Црна Гора, берлинскиот процес е она што го привлече вниманието во регионот на регионалните лидери, бидејќи тоа е процес кој за прв пат заедно ги сплоти премиерите на земјите од Западен Балкан, но исто така и на европските земји-членки.
„Берлинскиот процес треба да го најде својот патот и затоа во иднина треба да пронајде причина за негово надградување. Ќе видиме дека проектите за транспорт и енергетска инфраструктура се добри каде што речиси половина од доделените средства од 1 милијарда евра веќе се потрошени. Но, она за што треба да разговараме е дали можеме да продолжиме со ваквите проекти, со што мислам дека владата на крајот ќе има можности навистина да најдат повеќе на транспортни и енергетски проекти", истакна Пејовиќ.
На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија и преставници на невладиниот сектор, експертската и научната јавност.