СКОПЈЕ (АА) – ФУРКАН АБДУЛА –
Претседателот на Здружението за едукација и идеи „Фетах Ефенди“ од Скопје, Севба Абдула, укажа на важноста на проектот „Заедничко османлиско наследство“, кој се организира од страна на ова здружение, со поддршка на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), и истакна дека е потребно балканските народи да изградат врски на поправеден начин со османлиското минато.
Абдула, во разговор со Anadolu Agency (АА) говореше за проектот „Заедничко османлиско наследство“, како и за активностите на Здружението „Фетах Ефенди“, кое веќе три години реализира активности, особено во областа на образованието и истражувањето во Скопје.
„Имаме универзитетски образовни активности, семинари и проекти во рамки на Академија Скопје. Здружението го именувавме по Фетах Ефенди, како еден од значајните поети и мислители во Скопје, и на овој начин сакавме да го откриеме нашето долгогодишно присуство во овој регион“, рече Абдула.
Според Абдула, здружението има за цел да реализира проекти кои надвор од Универзитетот ќе овозможат неформално образование и еден подобар образовен живот за студентите. Покрај тоа, рече Абдула, имаат за цел да реализираат и студии на магистерско ниво, ниво на докторски и постдокторски студии, и дека нивна цел е Здружението да стане една институција која ќе биде пионер во истражувањето, особено во врска со Балканот.
Абдула информираше дека веќе четири семестри реализирале различни активности, како семинари и дебати за книги, во чиј фокус се општествените науки.
„Во овој семестар го имаме проектот „Заедничко османлиско наследство“, реализиран од страна на нашето здружение, чиј партнер се бројни институции. Исто така, овој проект е поддржан од страна на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB) во рамки на Младинската балканска школа“, додаде тој.
- „Балканските народи треба да изградат врски на поправеден начин со османлиското минато“
Абдула нагласи дека главната цел на проектот „Заедничко османлиско наследство“ е да ѝ се даде едно поголемо значење на османлиската историја и да се додадат информации во врска со османлиската историја на објективен и фактички начин.
„Од овој аспект, во текот на 20 век постои една историографија и негативно изучување на османлиската историја на Балканот. Во оваа насока, ние мислиме дека е потребно балканските народи да изградат врски на поправеден начин со османлиското минато и на овој начин да го вратат долгот на лојалноста“, истакна Абдула.
Абдула нагласи дека османлиското минато и историја не е некој период што може да се игнорира од страна на народите во регионот.
„Според нас, не е праведен пристап (османлиската историја) да се чита преку бунтови, хероизми и војни во текот на еден период од 500 години. Мислиме дека поправедно ќе биде османлиското минато да се гледа од аспект на заедничко наследство во регионот, преку историјата на османлиската култура, мислењето, архитектурата и уметноста, а во иднина ќе извлечеме позначајни примери. Затоа го реализиравме овој проект“, рече Абдула.
Абдула раскажа дека овој проект е наменет за студентите од универзитетите во Македонија. „Ќе се обидеме да ги вклучиме сите, албанските, македонските и турските студенти“, додаде тој.
Тој информираше дека бидејќи на семинарите во рамки на овој проект, ќе предаваат професори од Турција, за оваа активност е овозможен и симултан превод за албанските студенти кои ќе бидат присутни.
„За нас беше многу важно што овој проект беше поддржан од страна на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници, а во него е вклучен и Меѓународниот Балкански Универзитет. Изучувањето на османлискиот јазик од страна на студентите, според мене, ќе биде многу значајна иницијатива за историските истражувања, како и за повторно откривање на многу значајните документи во Македонија“, раскажа Абдула.
Покрај проектот „Заедничко османлиско наследство“, рече Абдула, Здружението „Фетах Ефенди“ организира и други проекти.
„Досега реализиравме над 20 семинари, анализа на околу 20 книги, аплицираа околу 500 студенти, додека околу 300 од нив имаа корист од нашите активности“, рече тој, додавајќи дека проектите на ова здружение се одржуваат на два јазика, односно на турски и на албански јазик.
„Проектот „Заедничко османлиско наследство“ ќе продолжи една година. Ние повеќе ќе се фокусираме на академските активности во врска со Балканот. Подлабоките извештаи и анализи на постоечката општествена, политичката и економската структура на Балканот, ќе бидат активности на кои ќе им обрнеме поголемо внимание во наредниот период“, рече за АА Севба Абдула, претседател на Здружението за едукација и идеи „Фетах Ефенди“.
news_share_descriptionsubscription_contact
