Zuhal Demirci
04 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Започнаа апликакациите за проектот „Заедничко османлиско наследство“ организиран од страна на Здружението за едукација и идеи „Фетах Ефенди“ од Скопје, со поддршка на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), во проектот што ќе се организира во Скопје, ќе учествуваат 40 студенти, кои ќе бидат дел од месечните семинари во врска со заедничкото историско и културно наследство, дебати за книги и документарци, курсеви по османлиски јазик, преводи и публикации, панели и културни екскурзии.
Апликациите за проектот ќе продолжат до 12 јануари.
Информативната средба и првиот семинар насловен „Историја на османлиската мисла“, ќе се одржи на 18 јануари, на кој ќе учествува како предавач проф. д-р Ихсан Фазлиоглу, професор на Одделот за филозофија при Универзитетот „Меденијет“ во Истанбул.
Апликацијата за проектот може да се врши преку следната интернет-адреса: https://basvuru.fettahefendi.com/.