ПАРИЗ (АА) – Во Европа, додека почнуваат подготовките за новата година, некои држави се спремаат за ибори, кои ќе им ја одредат иднината, јавува Anadolu Agency (AA)
Во изборниот календар на прво место е Франција, која на 27. Ноември ќе избира претседател меѓу централно десничарските кандидати Франсоа Филон и Алан Жуп.
Првиот круг на избори за претседателски кандидати од централно десничарите, кои во Франција се именувани како "Примаре", се одржа на 20. Ноември, на кој поранешниот премиер Франсоа Филон доби 44,1 % од гласовите.
Вториот избран кандидат е поранешниот премиер Алан Жуп со освоени 28% од гласовите. На трето место е пак, поранешниот претседател Никола Саркози со освоени 21% од гласовите.
Филон, кој го превзема премиерскиот мандат од Саркози, кога тој стана претседател, е со став дека, треба да се зголеми дијалогот со Русија, Иран и Асад, додека пак Жуп, го брани ставот дека со Асад нема да седне на маса, а со Русија и Иран според него, треба да се биде на дистанца.
Портпаролот на Филон, кој од 1993 наваму беше функционер во различни министерства, на турската јавност ѝ е одблиску познат. Натали Бојер, пратеничката од Марсеј, која е фанатична бранителка на законот за случувањата од 1915, е портпаролка на кампањата на Филон.
Филон и Жуп се против членство на Турција во ЕУ. Двајцата лидери досега повеќе пати излегоа со изјави дека ’На Турција не ѝ е местото во ЕУ’. Филон става остра граница во врска со челенството на Турција во ЕУ, додека пак Жуп има малку поумерен и повнимателен став кон ова прашање.
Зголемената екстремно – десничарска реторика во Франција длабоко влијае врз изборната кампања. Исламофобичната реторика и нападите против странците и муслиманите влијаат и врз двајцата лидери. Филон дава изјави дека, ’Франција нема проблем со религиите, туку со исламот’, додека пак Жуп упатува поумерени пораки кон муслиманите. Пред два месеци Филон објави книга со наслов „Победа на исламистичкиот тоталитаризам“, при што даде изјави, кои ги засегаат повеќе од 5 милиони муслимани, кои живеат во Франција.
И двајцата лидери имаат различни ставови во врска со ЕУ. Филон е со став дека, во ЕУ треба да се формира управен регион за еврото, додека пак Жуп е со став дека, треба да се направат реформи за намалување на бирократијата, како и да се формира одбранбена сила за ЕУ. Двајцата лидери упатуваат пораки за една посилна ЕУ и Франција, која ќе има повеќе право на збор во ЕУ.
Трите најважни теми на кои се задржуваат кандидатите за време на кампањата се образование, вработување и економски реформи. Во говорите на Филон и Жуп најзастапени беа темите поврзани со економсата рецесија во Франција, невработеноста кај младите, како и запирањето на инвестициите.

- Изборите во Австрија и Италија во ист ден
На претседателските избори во Австрија на 4. декември избирачите ќе гласаат за екстремно десничарскиот кандидат Норберт Хофер и кандидатот на Зелената Партија Александер Ван дер Белен.
Според јавните анкети за Хофер ќе гласаат 52% од испитаниците, а за Ван дер Белен 48%.
Хофер, кој е познат по своите изјави против исламот, Турција и бегалците, го застапува ставот за забрана на покривање на жените муслиманки на јавни места, како и дека за договорите ТТИП (Трансатлантско партнерство за трговија и инвестиции) и ЦЕТА (Сеопфатна економска трговски договор) треба народот да гласа.
Ван дер Белен пак, тврди дека, бегалците треба да бидат добродојдени, но кон оние кои доаѓаат од економски причини, треба да се биде претпазлив.
Во врска со договорите ТТИП и ЦЕТА, тој тврди дека, доколку биде избран за претседател, истите нема да ги потпише.
Тој е познат и по отворената поддршка која им ја дава на ПКК и ХДП, а во една изјава рече дека, во евентуален негов мандат, не верува дека Турција ќе може да влезе во ЕУ.
Италија пак, на истата дата, ќе гласа за критичен референдум. Централно левичарската Демократкса партија и партиите на новата централна десница, кои ја формираа владата на чело со Матео Ренци пред две години ги подготвија и изгласаа во парламентот реформите во уставот. Последната фаза од промените во уставот, кои претставуваат радикални промени се на референдумско гласање.
Овие уставни промени подразбираат збогување со двојно – праламентарниот систем, кој беше донесен по втората светска војна во 1946 година, кога Италија беше прогласена за република со законодавна власт поделена на двојно парламентарство.
Реформите предвидуваат намалување на бројот на столчиња на Републиканскиот Сенат во горниот дом на парламентот од 315 на 100 со што ќе се намали законодавната власт, што пак ќе придонесе до забрзување на процесот на донесување на закони.
Опозицијата упатува апел да се гласа негативно на овој референдум, за кој сметаат дек, ќе отвори пат за авторитарност во државата и ја формираа нивната кампања во насока на победа врз Ренци.
Ренци пак им помогна на опозиционерите со својата изјава дека, доколку референдумот не се усвои, ќе си даде оставка. Подоцна тој алудирајќи на својата претходна изјава рече дека, е погрешно да се персонализира референдумот и додаде оти, ќе ги разгледа резултатите од гласањето.
Овој референдум кој има критична важност за власта и претставува еден вид тест, во последните денови зафаќа доста простор во внатрешната политика.
Италјанските медиуми минатитот петок ги објавија последните анкети во предизборниот молк, според кои, повеќето од испитаниците ќе го дадат својот негативен глас на референдумот.
Меѓутоа, многу важен податок е тоа што анкетите покажуваат дека, бројот на оние кои не знаат како ќе одговорат на референдумот е многу голем. Тереските анкети покажуваат дека тој број изнесува помеѓу 21 – 24 проценти од испитаниците, а аналитичарите се согласни дека, токму овие гласачи се клучот за резултатот од референдумот.
- Македонија и Романија на 11. декември избираат влада
Македонија ќе излезе на гласање на 11. декември за формирање на новата влада.
ВМРО-ДПМНЕ, која се дефинира како демохристијанска националистичка партија, сеуште нема постигнат напредок за членство во ЕУ и НАТО, кои таа ги има означено како стратешки цели, поради спорот за името со Грција.
Втора партија по големина во државата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), се залага за евро – атлански интеграции на државата.
Трета партија по големина на политичката сцена е партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ). Таа е и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Друга партија која ги претставува Албанците е Демократската партија на Албанците (ДПА). ДПА беше владејачки партнер во периодот 1998-2002 и 2006-2008 година.
Нова албанска партија во државата е Движењето БЕСА, која во политиката се вклучи во ноември 2014 година. За своето двегодишно постоење, БЕСА се профилира како партија која е алтернатива на неопределените Албанци, но и сите други етнички заедници во Република Македонија, вклучувајќи ги и и Турците, Македонските муслимани, Бошњаците и други, нудејќи заедничко делување во политиката.
Романија во ист ден со Македонија ќе ја избере својата влада. По пожарот кој избувна во еден ноќен клуб во Букурешт во Ноември 2015 година, започнаа протести, кои ја променија политичката ситуација во државата, по што премиерот и претседател на Социјал – Демократската партија, Виктор Понти мораше да си даде оставка.
По овие случувања, во државата се воспостави технократска влада и премиер стана поранешниот член на Европската комисија, Дачан Чолош.
На изборите на 11. декември во Македонија ќе учествуваат шест партии и пет коалиции, каде што ќе бидат избрани 123 пратеници. На изборите во Романија ќе учествуваат 9 партии, каде што ќе бидат избрани 332 пратеници и 134 сенатори.
news_share_descriptionsubscription_contact
