Анализа на вести

Агенција Анадолија и ТРТ ги разоткриваат лагите на израелските и произраелските медиуми

Глобалните медиуми кои не ја гледаат окупацијата и масакрите во Израел конструираат дискурс на својата содржина ставајќи ги Палестинците во сржта на проблемите. Без пристап до алтернативни медиуми, лице од Западот не може...

Assoc. Prof. Yusuf Özkır  | 18.05.2021 - Обновена : 19.05.2021
Агенција Анадолија и ТРТ ги разоткриваат лагите на израелските и произраелските медиуми

Пишува: Проф. д-р Јусуф Озкир

ИСТАНБУЛ (АА) - Постојат тврдења дека сопственикот на „Њујорк журнал“, Вилијам Рендолф Херст, за време на последните години во текот на 19 век, во телеграма на илустраторот на Куба му порачал: „Ве молам останете... Вие доставете ги сликите, а јас војната“.

Оваа недокажана нарација е еден од најочигледните примери колку сликите или визуелните докази се важни во новинарството. Тоа навистина ја нагласува важноста на фотографијата. Токму таа стварност лежи зад актуелниот израелски масакр во Палестина, од една страна, додека од друга страна ги зајакнува нападите врз медиумите. Израел со текот на годините започна да верува дека колку повеќе може да ги прикрие своите воени злосторства и масакри и дека колку повеќе куршуми испукува на содржината што ја зборува вистината, толку повеќе неговите акти можат да останат „исправни“ и „оправдани“. Поради тоа, истовремено со своите масакри, Израел настојува да ги замолчи медиумите и да спречи визуелните докази да кружат надалеку. Многу примери за ова се одвиваат пред очите на светот. Наместо да ги набројувам еден по еден, ќе дадам само неколку примери кои покажуваат дека агресивниот став на Израел кон медиумите води кон одредена стратегија.

- Прекин на комуникацијата и протокот на информации -

На многу начини, израелските напади врз Палестина ќе влезат во историјата како темна дамка. Без сомнеж, масакрот над цивилите е најужасна од тие дамки. На второ место е бомбардирањето и уништувањето на сите локации поврзани со снабдувањето со вода, електрична енергија и храна, што е неоспорно неопходно за луѓето да преживеат и во најтешките околности. Тоа се воедно факти кои уредно се поклопуваат во категоријата воени злосторства. Меѓутоа, уште една впечатлива карактеристика на израелските напади е нивната медиумска стратегија на која сакам да укажам.

Би можеле да тврдиме дека Израел во тој поглед применил тројна стратегија. Првото тркало има за цел да обезбеди кон светот да не доаѓаат вести од Палестина и Газа, која веќе долго време е затвор на отворено. Со таа цел, Израел од првиот ден спроведува немилосрдна политика на насилство и агресија за да ги натера новинарите да го напуштат тоа подрачје. Со таа цел, извршени се бомбардирања и истрелани се вистински и гумени куршуми, неселективно во правец на борците на отпорот, цивилите или новинарите.

Тургут Алп Бојраз, уредникот на Агенција Анадолија за вестите од Блискиот Исток, двапати беше погоден и повреден со гумени куршуми, што претставува само еден пример. Снимателот на АА, Мухамед ал-Алоул, и фоторепортерот Мустафа Хасун, како и нивниот возач, исто така беа повредени во израелските напади на блокираниот Појас Газа. Со тоа, Израел ја бомбардираше канцеларијата на „ТРТ Арабик“ во Газа, а репортерите на „ТРТ Арабик“ беа тешко повредени во тие напади.

ТРТ (Турската радио-телевизија) и Агенција Анадолија, двата турски глобални медиумски брендови, најефикасни се во пренесувањето вести за израелските масакри, окупацијата и агресијата врз невините цивили. Фактот дека Агенција Анадолија и ТРТ го срушија монополот на еднодимензионалното произраелско новинарство стои зад обидот на „Ерусалим пост“ да ги стави на нишан во анализата објавена на 15 мај. [1] Повеќето студии за односите на медиумите и моќта ги истакнуваат „медиумите на моќните“, а не „моќта на медиумите“. Израел и ционистичките Евреи се толку уверени во својата позиција на единствена апсолутна суверена сила на светот, како резултат на своите глобални врски и односи, што не можат да поднесат нарушување и излагање на своите доминантни фикции од страна на новинарствата што ги водеа ТРТ и Агенција Анадолија во согласност со универзалните новинарски принципи. Во предметната анализа се врши споредба меѓу Иран и Турција и се нагласува дека Турција, а не Иран, ја брани Палестина и на традиционалните и на социјалните медиуми.

Под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција во последните години ги зголеми своите вложувања во меѓународната медиумска мрежа, што резултираше со зголемување на бројот на дописници и канали што ги емитуваат програмите на странски јазици и во квалитетот на техничката опрема што се користи, како и со проширување на вестите паралелно со порастот во количина и квалитет. Со помош на тоа, Турција постигна капацитет со кој сега може да создаде силно влијание. Вредно е да се напомене дека некои светски медиуми, кои се доволно храбри да разговараат за инцидентите од перспектива која не е израелска, користат фотографии и видеозаписи со логотипот на Агенција Анадолија, а некои дури користат и нејзини текстови во своите приказни. Оваа стварност го покажува новинарскиот успех на Агенција Анадолија и ТРТ.

- Бомбардирање на медиумите -

Израел на 15 мај ја интензивираше кампањата за стишување на медиумите бомбардирајќи ја зградата во Газа во која се наоѓаа канцелариите на американски „Асошиејтед прес“ (АП) и „Ал Џезира“. Освен канцеларијата на овие две меѓународни медиумски куќи, во зградата од 60 станови се наоѓаа и антени кои пружаа пристап до интернет на голем дел од Газа, како и канцеларии на адвокати и лекари. Затоа со ова бомбардирање Израел презеде уште еден чекор да спречи излез на информациите и вестите од Газа и да ја прекине комуникацијата на Газа со остатокот на светот.

„Окупаторскиот Израел, кој ги гаѓаше канцелариите на Асошиејтед прес и Ал Џезира во Газа, задава удар и на слободата на печатот“, наведе во реакцијата на Твитер, шефот на Дирекцијата при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

Тој најостро ги осуди гнасните израелски напади врз медиумските центри за да ги прикријат масакрите, имплицирајќи му на светот дека Израел извршил воени злосторства и дека се обидува да ги прикрие.

Израелското бомбардирање и уништување на оваа медиумска кула (зградата Џала), додека целиот свет го гледаше тоа во живо на телевизија, стана еден од највидливите примери на израелскиот слободарски пристап на новинарството и глобалната слобода на печатот. Репортерката на „Ал Џезира“, Линах Алсафин, објави на својот профил на Твитер дека израелските војници не дозволиле ни евакуација на техничката опрема на медиумските организации, како што бараше сопственикот на зградата Абу Хусам, откривајќи уште еднаш дека главниот страв на Израел е пренос на фактите на светската јавност.

- Машинерија за дезинформации -

Втората израелска стратегија кон медиумите е бомбардирање со дезинформации. Израел ја користи својата машинерија за дезинформации, со напорите да ги замолчи независните медиуми и новинари кои не се под негова контрола, протерувајќи ги од регионот, бомбардирајќи ги и директно земајќи ги како цел нивните технички објекти и можности.

Новинарството на глобалните медиуми во согласност со израелските интереси, вклучувајќи ги реномираните организации како што се „Ројтерс“, „Би-би-си“, „Њујорк тајмс“, „Гардијан“, „Си-ен-ен“ и Агенцијата „Франс-Прес“ (AFP), сега стана очигледен факт. Глобалните медиуми кои не ја гледаат окупацијата и масакрите во Израел конструираат дискурс на својата содржина ставајќи ги Палестинците во сржта на проблемите. Без знаење или пристап до алтернативните медиуми, лице од Западот не може ситуацијата во Палестина да ја согледа во сосема друго светло.

Со други зборови, медиумите ја прикажуваат Палестина како окупатор-агресор, додека Израел го претставуваат како потисната жртва и ентитет кој само се брани од нападите. Овој нестварен наратив толку длабоко се вовлече во вестите и аглите на користење на визуелните медиумски содржини при што се потребни сериозни напори за да се избегне подлегнување кон примамливата моќ на овие измислици. Поради тоа при креирање на содржината е пресудно стратешки да се користат зборови и концепти. Во спротивно, ќе биде невозможно да се избегне повторување на дискурсот на воспоставените новински агенции и копирање на овие измислени реалности во глобалната мрежа на вести.

Фактот дека Агенција Анадолија и ТРТ одлучија да ја разоткријат оваа измислена стварност и дека не тргнаа по линијата на вообичаениот глобален медиумски поредок лежи зад фактот дека „Ерусалим пост“ на 15 мај објави анализа со која го става нишанот на Турција преку Агенција Анадолија и ТРТ. Изгледа дека „Ерусалим пост“ е збунет со објективното новинарство кое на светот му ја изговара вистината, а не само да му служи како канал за содржина на глобалниот медиумски поредок, чија примарна функција е оправдување на окупацијата на палестинската територија. Вистината, од друга страна, стои блиску до нив. Еднаш кога ќе можат да ги отстранат своите очила со „окупациска боја” ќе може да ја видат вистината таква каква што е, ќе може да ја видат и вистината за Палестина.

- Компаниите на социјалните мрежи -

Компаниите на социјалните мрежи го прават третиот чекор. Израел соработува со тие компании преку своите глобални врски и ционистички лобија за да ја спречи циркулацијата на антиизраелската содржина на социјалните мрежи. Многу статии и слики кои ги прикажуваат израелските злосторства и убиства се отстранети од интернет од страна на компаниите на социјалните медиуми. Профилите што ги прикажуваат израелските масакри добија ограничувања на интеракциите, а некои се и блокирани. За блиската соработка на компаниите на социјалните мрежи и Израел несомнено повеќе ќе се разговара во иднина. Ограничувањата и нападите на „ботовите“ на објавите на англиски јазик се истакнуваат во откривањето на односите на Израел со социјалните мрежи. Без сомнеж, оваа анализа би можела значително да се прошири во контекст на односите меѓу сопствениците на компаниите на социјалните медиуми и Израел и ционистите.

- Агенција Анадолија и ТРТ ги пренесуваат фактите -

На крајот, со нарушување на протокот на комуникација, Израел се надева дека ќе ја спречи светската јавност да дознае за масакрите и злосторствата што ги извршил на палестинските територии. Затоа тој прави сè за да ги замолкне слободните и независни медиуми. Поради тоа на нишан се најдоа Агенцијата Анадолија и ТРТ, кои работат за обезбедување на зачувување од правата на глобалната јавност за информациите. Цел на известувањето е пренесување на информациите што е можно поточно. Агенција Анадолија и ТРТ имаат за цел пренесување на стварноста таква каква што е, без претерување или дискриминација и без прикривање или измислување на што било. Во врска со тоа, работеа на заштита на правата на меѓународната заедница да биде информирана за фактите. Поради тоа на Израел му е крајно непријатно што некои одлучуваат да одат подалеку од „осмисленото“ новинарство на чуварите на поредокот, на што Израел веќе одамна навикна.

- Авторот е предавач на Факултетот за комуникологија на Универзитетот „Медипол“ во Истанбул. Исто така е координатор на публикациите на политичкиот и општествен весник „Критер“.

* Мислењата изразени во овој текст се авторски и нужно не ја одразуваат уредничката политика на Агенција Анадолија (AA).

[1] https://www.jpost.com/middle-east/turkeys-media-radicalizes-anti-israel-voices-analysis-668219


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.