Турција

Ердоган ја критикуваше неактивноста на земјите против „геноцидната политика“ на Израел

„Дали ги видовте оние, кои постојано му држат лекции на остатокот на човештвото за правата и законите, како преземаат чекори против геноцидната политика на Израел?“

Gözde Bayar, Emre Başaran  | 08.03.2024 - Обновена : 09.03.2024
Ердоган ја критикуваше неактивноста на земјите против „геноцидната политика“ на Израел

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги критикуваше земјите кои не презеле акција против „геноцидната политика“ на Израел во Газа, јавува Анадолу.

„Дали ги видовте оние, кои постојано му држат лекции на остатокот на човештвото за правата и законите, како преземаат чекори против геноцидната политика на Израел?“, праша Ердоган на настанот по повод Меѓународниот ден на жената во метрополата Истанбул.

Критикувајќи ги оние кои се осмелуваат да го поучуваат човештвото за човековите права, Ердоган рече дека тие „никогаш не зборуваат за вознемирување, насилство, дискриминација и нефер практики врз жените во нивните населби“.

Израел спроведе смртоносна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот упад на палестинската група Хамас минатиот 7 октомври 2023 година. Во израелското бомбардирање што следуваше загинаа над 30.800 луѓе, а повеќе од 72.000 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира влез на хуманитарната помош за цивилите во Газа.

Ердоган, исто така, обрна внимание на достигнувањата на Туркије кон родовата еднаквост, посочувајќи дека застапеноста на жените во механизмите за одлучување во земјата е зголемена „четири до пет пати“, додека бројот на вработени жени се зголеми од 6 милиони на 10,5 милиони.

Бројот на пратенички во турскиот Парламент достигна највисоко ниво во историјата на последните избори, кога 121 жена обезбедија места во 600-члениот законодавен дом.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.