Симболот на Сараево осветлен во боите на знамето на Турција
Зградата на градското Собрание во Сараево вечерва е осветлена во боите на знамето на Република Турција, по повод одбележувањето на турскиот национален празник - Денот на суверенитетот и детето

САРАЕВО
Зградата на градското Собрание во Сараево вечерва е осветлена во боите на знамето на Република Турција, по повод одбележувањето на турскиот национален празник - Денот на суверенитетот и детето, а воендо и јубилејната 100. годишнина од основањето на турскиот парламент (ТБММ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Еден од најголемите национални празници во Турција традицонално се одбележува со бројни манифестации на кои учествуваат деца од целиот свет. Меѓутоа, оваа година одбележувањето на празникот се случува во екот на пандемијата на Ковид-19 поради што нема масовни собири, како во претходните години.
Честитки на Турција и турските граѓани по повод овој празник пристигнуваат од бројни пријателски земји, меѓу кои од Босна и Херцеговина. Исто така, вечерва знамето на Турција сјаеше и на зградата на градското Собрание во Сараево (Вијеќница), една од најпознатите симболи на главниот град на БиХ.
Државниот празник на Денот на националниот суверенитет и денот на детето се одбележува на 23 април, на денот кога 1920 година е основано Големото народно собрание на Република Турција.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.