Турција, Балкан

Главната дирекција за вакафи на Турција ќе реставрира две џамии во Северна Македонија

Во рамките на протоколот ќе се реставрира џамијата Хаџи Балабан во Скопје и Шарената џамија во Тетово

Abdullah Sarica  | 23.01.2026 - Обновена : 23.01.2026
Главната дирекција за вакафи на Турција ќе реставрира две џамии во Северна Македонија Фото: Главната дирекција за вакаф на Турција

АНКАРА (AA) - Главната дирекција за вакафи при Министерството за култура и туризам на Турција ќе ги реализира реставрациите на џамијата Хаџи Балабан во Скопје и Шарената џамија во Тетово, во рамките на протоколот за соработка потпишан со Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ), јавува Анадолу.

Директорот на Главната дирекција за вакафи на Турција, Синан Аксу, по потпишувањето на протоколот, го истакна значењето на зачувувањето и реставрацијата на делата од османлиското наследство, не само во Турција, туку и во земјите каде што се наоѓаат овие дела.

„Под водството што го покажа нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со безграничната поддршка на нашиот министер, Мехмет Нури Ерсој, покрај трите дела што ги завршивме во Северна Македонија во изминатите години, денес потпишавме протокол за да реставрираме уште две вакафски дела. Се надевам дека овој проект ќе има благословен и успешен исход“, рече Аксу.

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, изрази задоволство од соработката со Турција и се заблагодари за посветеноста на реставрацијата на османлиското наследство.

Тој изрази надеж дека потпишаниот проект ќе донесе благосостојба и ќе биде корисен.

На церемонијата на потпишување на протоколот присуствуваа и претставници на Главната дирекција за вакафи на Турција и на ИВЗ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.