Турција

„Туркиш ерлајнс“ откажа повеќе од 200 лета поради најавениот снег

Летовите од и до аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ планирани за четврток се откажани откако беа прогнозирани обилни врнежи од снег во Истанбул

Tuba Onğun  | 09.03.2022 - Обновена : 11.03.2022
„Туркиш ерлајнс“ откажа повеќе од 200 лета поради најавениот снег

АНКАРА (АА) - Националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа околу 205 лета кои требаше да полетаат в четврток, откако беа прогнозирани обилни врнежи од снег во Истанбул.

„Поради очекуваните лоши временски услови во Истанбул, некои од нашите летови од и до аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“, планирани да полетаат на 10 март, се откажани“, вели авиокомпанијата во денешното соопштение.

Откажувањето вклучува околу 114 домашни и 71 меѓународен лет на „Туркиш ерлајнс“ од и до Аеродромот „Истанбул“ и околу 20 домашни лета од „Анадолу џет“ од и до Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, главниот воздушен центар во Истанбул на азиската страна на градот.

„Бројот на откажувањата најверојатно ќе биде зголемен поради временските услови“, додаде авиопревозникот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın