Три награди за аеродромот „Истанбул“ од Меѓународниот совет на аеродроми
„Овие награди се доказ за посветеноста на нашите тимови, довербата на милиони патници и нашата визија да го направиме искуството на клиентите камен-темелник на нашата култура“

ИСТАНБУЛ (AA) - Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) му додели три глобални награди на аеродромот „Истанбул“, пренесува Анадолу.
İGA, оператор на аеродромот „Истанбул“, на својот профил на социјалната мрежа на американската компанија X објави дека аеродромот „Истанбул“ ги освоил наградите „Најдобар аеродром во Европа“, „Акредитација од ниво 5 за искуство на клиентите“ и „Лидер во глобалната обука“.
Во соопштението се наведува:
„Среќни сме што може да објавиме дека сме наградени со три извонредни глобални награди од ACI. Овие награди се доказ за посветеноста на нашите тимови, довербата на милиони патници и нашата визија да го направиме искуството на клиентите камен-темелник на нашата култура.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.