Турција

„Терористичките позиции и упоришта почнаа да се уништуваат“

„Заедничкиот оперативен центар започна да работи со полн капацитет. Започна имплементацијата на активностите од првата фаза“, изјави Акар во Измир

Sarp Özer  | 24.08.2019 - Обновена : 26.08.2019
„Терористичките позиции и упоришта почнаа да се уништуваат“

ИЗМИР (АА) - Министерот за национална одбрана, Хулуси Акар изјави дека започна унишувањето на терористичките позиции и тврдни, јавува Anadolu Agency (AA).

Акар заедно со началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили, Умит Дандар, и командантот на Поморските сили, Аднан Озбал, ги посети единиците на Турските вооружени сили во Измир. Во тие рамки Акар ја посети и Командата на Армијата во Егејот, и тука имаше средби со командантите.

Министерот Акар, оценувајќи ги неодамнешните случувања, потсети дека за време на телефонскиот разговор со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, постигнат е договор за почеток на првата фаза на планот за безбедна зона во Сирија.

Акар додаде дека безбедната зона се планира да биде формирана без да се губи време, во рамките утврдени со календарот.

„Работите за ова прашање продолжуваат со заедничка координација. Во нашиот телефонски разговор со американскиот министер за одбрана, Еспер, се согласивме дека воените делегации ќе се соберат во Анкара за да ја започнат првата фаза и да се планираат следните фази", рече Акар и истакна:

„Заедничкиот центар за операции започна да работи со полн капацитет. Центарот го водат турски и американски генерал. Започна имплементацијата на активностите од првата фаза. Во овие рамки на 14 август полетаа и првите беспилотни летала. Првиот заеднички хеликоптерски лет ќе се одржи денес попладне. Покрај тоа, започна уништувањето на терористичките позиции и упоришта.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın