Турција

„Многу се восхитуваме од Турција“

„Многу се восхитуваме од Турција. Турските бизнисмени во секоја област работат на проактивен начин, и постојано се развиваат“, нагласи Каборе

Gökhan Yıldız   | 10.04.2019
„Многу се восхитуваме од Турција“

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Буркина Фасо, Рок Марк Кристијан Каборе, рече дека многу се восхитуваат од Турција, и дека турските бизнисмени во секоја област работат на проактивен начин и постојано се развиваат себеси, јавува Anadolu Agency (AA).

Каборе во своето обраќање на Бизнис-форумот Турција - Буркина Фасо, организиран од страна на Советот за надворешни економски односи (DEIK), истакна дека сакаат да стигнат на ниво на Турција и турските бизнисмени.

Истакнувајќи дека турските компании во Буркина Фасо ги очекуваат бројни можности во областа на бизнисот и инвестициите, Каборе нагласи дека можат да потпишат бројни бизнис-партнерства во повеќе области.

„Многу се восхитуваме од Турција. Турските бизнисмени во секоја област работат на проактивен начин, и постојано се развиваат“, нагласи тој.

Каборе рече дека секогаш ќе ги поддржуваат турските бизнисмени во областите економија и трговија.

„Имаме исклучително веродостојна и вкоренета историја во банкарството и финансиите“, рече Каборе, додавајќи дека во блиска иднина ќе продолжат да прават заемни чекори со Турција за развој на соработката.

Претседателот на ДЕИК, Наил Олпак, рече дека Буркина Фасо е земја пријателски насочена кон инвеститорите.

„Оваа трговија не е доволна за нас, но во исто време кога ги земаме предвид понудените можности, субвенции, даночни бенефиции, тогаш гледаме дека постојат значајни можности за нашите бизнисмени на среден и долг рок“, нагласи тој, истакнувајќи дека нивното пријателство трае долги години.

„Ова пријателство се продлабочува уште повеќе со заинтересираноста на Турција за Африка. Рефлексиите на ова пријателство можеме да ги видиме во секоја област, особено во нашите економски односи“, рече Олпак.

Меѓу другото, министерот за трговија, индустрија и занает на Буркина Фасо, Харуна Каборе, нагласи дека врските меѓу двете земји се на исклучително високо ниво, и дека Турција е значаен центар за Буркина Фасо што се однесува до увозот и извозот.

„Што се однесува за 2017 година, од Турција реализиравме увоз во вредност од 60 милиони долари. Турција се наоѓа на деветтото место меѓу земјите со кои реализираме најголем увоз.“

Министерот Каборе рече дека во блиска иднина ќе се потпише нов трговски договор меѓу двете земји.

Претседателот на Индустриско-стопанската комора на Буркина Фасо, Махамади Савадого, истакна дека неговата земја има мошне динамични односи со Турција.

„На Африканскиот трговски самит кој ќе се одржи на 12 јуни во Руанда, ќе се соберат стотици потенцијални инвеститори. Верувам дека на овој настан ќе бидат направени конкретни чекори што се однесува до турските компании, и ги поканувам турските инвеститори во Буркина Фасо“, нагласи Савадого.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın