Турција

„Меѓународниот студентски самит“, на којшто ќе се дискутира за дигиталната трансформација, започна во Истанбул

„Меѓународниот студентски живот е огромен мост на срца што ги надминува границите, ги руши предрасудите и го гради светот на иднината денес. Со речиси 350.000 меѓународни студенти, Турција стана не само образовен центар, туку и безбедно пристаниште“

Melike Gallenkuş Ayfar  | 27.12.2025 - Обновена : 27.12.2025
„Меѓународниот студентски самит“, на којшто ќе се дискутира за дигиталната трансформација, започна во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот студентски самит „ISTSUM'25“ со фокусот се ефектите од дигиталната трансформација врз луѓето, општеството и работниот живот започна во Истанбул, известува Анадолу.

На отворањето на Самитот, организиран од Меѓународното студентско здружение Bab-ı Alem, и Агенција Анадолу (АА) како глобален комуникациски партнер, во Културниот центар „Неслишах султан“ беа рецитирани делови од Светиот Куран.

Ерџан Акџан, претседателот на здружението, во своето обраќање рече дека се собрале тука за одново да ја обноват приказната за истите соништа напишана на различни јазици и бои.

Зборувајќи дека за нив, меѓународниот студентски живот не е само добивање диплома или технички процес, Акџан истакна:

„Меѓународниот студентски живот е огромен мост на срца што ги надминува границите, ги руши предрасудите и го гради светот на иднината денес. Со речиси 350.000 меѓународни студенти денес, Турција стана не само образовен центар, туку и безбедно пристаниште. Овие бројќи за нас не се само статистика. Секој студент е почесен амбасадор на Турција во светот на утрешнината, гарант за мир и братство.“

Потврдувајќи ја сопствената свест за нивните одговорности на овој пат, Акџан рече дека Федерацијата на меѓународни студентски здруженија (UDEF), под чии закрила се почестени да бидат, е нивното семејство кое ги соединува искуствата, им додава визија и ја одржува жива оваа голема мрежа на солидарност.

Посочувајќи дека овогодинешниот самит се фокусира на „дигиталниот развој“, тој продолжи со зборовите:

„Светот повеќе не е ограничен со физички граници. Во ова ново дигитално доба, заедно ќе разговараме како да ги комбинираме нашите човечки вредности со брзината на технологијата и како да го понесеме меѓународниот студентски живот на овој нов хоризонт. Верувам дека идеите што ќе произлезат од тука нема да останат само на хартија, туку ќе се претворат во акциони планови.“


- Меѓународната мобилност на студентите низ целиот свет достигна 7,5 милиони

Претседателот на UDEF, Абдула Мухамед Ислам, рече дека во моментов се стремат да ги поддржат своите браќа и сестри во 57 градови со вкупно 61 меѓународно студентско здружение.

Тој објасни дека меѓународната мобилност на студентите низ целиот свет, која во 1970-тите била приближно 700.000, сега достигнала 7,5 милиони, и дека САД со речиси 1,2 милиони меѓународни студенти ја задржале својата водечка позиција во врска со меѓународниот студентски живот.

Нагласувајќи дека приближно 360.000 меѓународни студенти од над 200 земји и региони го продолжуваат своето образование на државни и приватни универзитети во Турција, Ислам продолжи со зборовите:

„Меѓународната мобилност на студентите, на долг рок им дава значаен придонес на регионите каде што дејствуваат, од економски, академски и политички аспект, и најважно, од културен. Ќе продолжи да го прави тоа и во иднина. Во односите, интеракциите и борбите меѓу земјите, меѓународната мобилност на студентите нѐ само што се смета за извоз на образование, туку го најде своето место и меѓу фундаменталните параметри на меѓународните односи. Повеќе од 350.000 меѓународни студенти што студираат во нашата земја не само што придонесуваат кон сопствените образовни процеси тука, туку даваат и многу значаен придонес во академската, економската, културната и политичката соработка меѓу нивните земји, трети земји и Турција.“


- Самит на тема „Фокусирај се“

Самитот, на тема „Фокусирај се“, поддржан од UDEF, Општина Фатих и Туркиш ерлајнс, се осврнува на влијанијата на дигиталната трансформација врз луѓето, општеството и работниот живот.

Настанот вклучува области за дигитално искуство и им нуди на студентите можности за вмрежување со академици и претставници од индустријата.

Самитот продолжува со панели насочени кон подобрување на дигиталните вештини на младите луѓе преку инспиративни говори, зајакнување на меѓукултурната интеракција и генерирање влијание на глобално ниво.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.