Турција

Впечатливи снимки на пеликани и фламинга во резерват за птици во Анкара

Резерватот претставува едно од најважните засолништа за птици во регионот и познато е по богатата биолошка разновидност

Aida Cako  | 12.09.2025 - Обновена : 12.09.2025
 Впечатливи снимки на пеликани и фламинга во резерват за птици во Анкара Фото: Abdullah Güçlü/АА

СКОПЈЕ (АА) – Импресивни снимки направени со дрон прикажуваат јата пеликани во резерватот за птици кај браната Саријар во округот Налихан во Анкара, Турција, јавува Анадолу.

Резерватот претставува едно од најважните засолништа за птици во регионот и познато е по богатата биолошка разновидност.

Повеќе видови птици летото го минуваат овде, а со настапувањето на зимата се селат кон јужните предели.

Меѓу највпечатливите жители на овој природен резерват се фламингата и пеликаните, кои се забележуваат во големи јата.

Покрај нив, резерватот привлекува и голем број други водни и преселни птици, што го прави значајна точка за набљудување птици.

Природната убавина на резерватот, во комбинација со езерските предели и околниот пејзаж, го прави атрактивно место и за љубителите на екотуризмот.

Локалните власти редовно спроведуваат активности за заштита и следење на популацијата на птиците, со цел зачувување на овој важен екосистем.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.