Џиновски танкер "заробен" во теснецот Дарданели
- Патот низ Дарданелите, премин со должина од 61 километар кој ги поврзува Егејското и Мраморното Море, танкерот ќе може да го продолжи по санација на дефектот на моторот

Чанаккале
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Танкер со должина од 180 метри со италијанско знаме кој пловел од Малта кон Русија, по откажување на моторот, останал закотвен во теснецот Дарданели, недалеку од градот Чанаккале во северозападна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Џиновскиот брод "Fresia"со вкупна тежина од над 25 илјади тони остана закотвен во теснецот Дарданели чија максимална ширина не е поголема од шест километри.
Како што соопшти турската крајбрежна стража, танкерот го обезбедуваат четири затегнувачи.
Патот низ Дарданелите, премин со должина од 61 километар кој ги поврзува Егејското и Мраморното Море, танкерот ќе може да го продолжи по санација на дефектот на моторот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.