Турција

Јилдирим: Ќе бидам претседател на сите пратеници на турскиот Парламент

Бинали Јилдирим потсети на значењето на Големото народно собрание на Република Турција за целата земја и нејзиниот народ.

Kubilay Çelik   | 12.07.2018
Јилдирим: Ќе бидам претседател на сите пратеници на турскиот Парламент

TBMM

АНКАРА (АА) - Бинали Јилдирим во првото обраќање откако е избран за претседател на Големото народно собрание на Република Турција, порача дека ќе биде претседател на сите пратеници на турскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сакам сите да знаат дека ќе бидам претседател на сите пратеници на Големото народно собрание на Република Турција, без оглед дали гласале за мене или не“, изјави Јилдирим.

Тој потсети на значењето на Големото народно собрание на Република Турција за целата земја и нејзиниот народ.

„Овој Парламент е место каде се поставени темелите на Република Турција“, изјави Јилдирим, додавајќи дека пред пратениците и претседателот на турскиот Парламент се големи задачи и посебна одговорност.

„Во последно време има се повеќе задачи и обврски во Големото народно собрание на Република Турција“, изјави Јилдирим.

Пратеникот на Партијата за правда и развој (АК Партија) од Измир и поранешниот премиер на Република Турција, Бинали Јилдирим, е избран денес за претседател на турскот Парламент, односно Големото народно собрание на Република Турција.

Турските парламентарци денес гласаа за избор на првиот претседател на Големото народно собрание на Турција по преминот на државата на претседателски систем.

Јилдирим е избран за претседател на Парламентот откако во третиот круг од гласањето доби 335 гласови, меѓу вкупно 584 кои беа присутни на гласањето. Јилдирим така стана 28.претседател на турскиот Парламент.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın