Турција: Фатени 485 илегални мигранти
Во турскиот град Ван се фатени 485 илегални мигранти кои на незаконски начин влегле во земјата

Van
ВАН (АА) - Во турскиот град Ван се фатени 485 илегални мигранти кои на незаконски начин влегле во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Командата на градската жандармерија, во рамките на борбата против илегалната миграција, во подрачјата на Геваш, Чалдиран, Тушба и Сарај, се фатени 485 илегални мигранти. Откриено е дека овие мигранти на илегален начин влегле во Турција.
Во рамки на оваа операција, приведени се и пет лица за кои се сомнева дека ја вршеле организацијата на нивниот илегален влез во земјата, и запленети се три возила.
Илегалните мигранти за понатамошни процедури ќе бидат пренесени во Центарот за враќање на странци кој се наоѓа во овој град.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.