Турција

Турција: Манастирот „Сумела“ за два месеца го посетија повеќе од 107 илјади посетители

Манастирот „Сумела“ во североисточна Турција, еден од најголемите центри на религиозниот туризам, од 28 јули до 1 октомври 2020 година е посетен од 107.797 лица

Tuğba Yardımcı  | 08.10.2020 - Обновена : 09.10.2020
Турција: Манастирот „Сумела“ за два месеца го посетија повеќе од 107 илјади посетители ( Foto: Hakan Burak Altunöz / Anadolu Agency )

ТРАБЗОН (АА) – ТУГБА ЈАРДИМЏИ –

Манастирот „Сумела“ во североисточна Турција, еден од најголемите центри на религиозниот туризам, од 28 јули до 1 октомври 2020 година е посетен од 107.797 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Манастирот „Сумела“, познат и како манастир „Дева Марија“, во турската област Мачка, во Трабзон покрај Црното Море, се наоѓа во пошумената област на околу 300 метри над долината Алтиндере, на падините на планината Карадаг.

Манастирот беше затворен за посетители во септември 2015 година поради ризик од одрон на карпите.

Министерството за култура и туризам на Турција во февруари 2016 година започна со реставрација на манастирот. Откако заврши првата фаза од реставрацијата која вклучуваше уредување на околината, истражување на карпите од геолошки и геотехнички аспект и нивно зајакнување, делот од манастирот до дворот беше отворен за посетители во мај 2019 година.

Со завршувањето на работите од втората фаза, 65 проценти од манастирот беше отворен за посетители на 28 јули 2020 година, а на отворањето со видеоконференција учествуваше и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Во манастирот „Сумела“, кој беше затворен за посетители околу пет години, карпите што претставуваа опасност на падината, во рамките на проектите беа тргнати, а некои делови беа покриени со челични мрежи.

Внатрешниот дел на манастирот беше реставриран, а исто така беа уредени и патеките кои водат до манастирот.

Третата фаза од реставрацијата на манастирот, кој е заведен во Листата на светското културно наследство на УНЕСКО од 2000 година, треба да заврши до јули 2021 година. Тоа е делот кој претходно воопшто не бил отворен за посетителите.

За првата фаза за реставрацијата на манастирот потрошени се 1,2 милион евра, а целосната реставрација ќе чини околу 6 милиони евра.

Богослужбата што се одржа на 15 август во светски познатиот манастир ја водеа свештеници од Грчката патријаршија во Фенер.

- Манастирот „Сумела“

Многу делови од манастирот Сумела“ биле реновирани во 18 век, а некои од нејзините ѕидови биле украсени со фрески. Во 19 век, со додавањето на новите големи објекти, манастирот се здобил со прекрасен изглед и го доживеал најбогатиот период. Во тој период манастирот ја добил конечната форма и станал место кое го посетуваат многу странски туристи, а исто така, за него се пишувале и натписи.

Главните делови на манастирот се црквата на главната карпа, неколку параклиси, кујна, студентски соби, куќа за гости, библиотека. Овие структури се протегаат на многу голема површина. На влезот на манастирот се наоѓа голем аквадукт преку кој се носело вода. Скалите пред влезната врата на манастирот се тесни и долги. Лево, пред пештерата, има различни манастирски објекти. Десно е библиотеката.

Фреските во параклисот датираат од почетокот на 18 век и може да се види дека се направени од три слоја во три одделни периоди. На фреските се прикажани теми од Библијата од животот на Исус и Дева Марија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.