Турција

Турција: Во акции против илегалните миграции фатени 300 лица

Тимовите за борба против криумчарењето луѓе при полицијата во Измир започнаа акција во која во камион беа пронајдени 97 непријавени мигранти

Mustafa Yıldırım  | 27.05.2019 - Обновена : 28.05.2019
Турција: Во акции против илегалните миграции фатени 300 лица

АНКАРА (АА) - Во акциите организирани во рамките на борбата против илегалната миграција во Турција фатени се 300 непријавени мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Тимовите за борба против криумчарењето луѓе при полицијата во Измир започнаа акција во која во камион беа пронајдени 97 непријавени мигранти. Запленети се и два чамци, два мотори за чамци и 40 литри бензин.

Приведени се три лица.

Во подрачјето на Алтинозу, во турската област Хатај, фатени се 40 мигранти за кои е установено дека влегле во Турција преку Сирија. Пограничните единици на периферијата на Алтинозу запреле група луѓе за кои е утврдено дека во земјата влегле по илегален пат.

Исто така, во Киркларели, поточно на подрачјето на Лилебургаз, Демиркој и Кофчаз, фатени се 35 мигранти.

Припадниците на безбедносните сили патролираа во подрачјето на Ван, каде што се фатени 128 непријавени мигранти. Жандармериските тимови при патролите запреле сомнително возило во Мирадије, во кое се наоѓале 19 државјани на Авганистан и еден на Пакистан. Во акциите организирани на подрачјето на Башкале, Ипекјолу, Тушба, Геваш и Чалдиран фатени се 108 непријавени мигранти, од кои 105 од Авганистан и тројца од Пакистан.

Приведени се двајца осомничени за организирање илегални гранични премини. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.