Турција

Турски експерт предупредува на прекумерната употреба на витамин Д

„Хипервитаминозата Д доведува до зголемено излачување на калциум (hypercalciuria), високо ниво на калциум во крвта (hypercalcemia) и нарушување на срцевиот ритам“

Burak Bir  | 11.01.2021 - Обновена : 13.01.2021
Турски експерт предупредува на прекумерната употреба на витамин Д

ИСТАНБУЛ (АА) - Прекумерната употреба на витамини и додатоци во исхраната за јакнење на имунолошкиот систем за време на пандемијата може да има негативни последици, предупредува турски експерт, јавува Агенција Анадолија (АА).

За прекумерната употреба на витамини, особено на витаминот Д, во обид да се зајакне имунолошкиот систем, Бетул Мерџал, експерт за внатрешни болести од Универзитетската болница „Медипол Мега“ во Истанбул, изјави дека хипервитаминозата Д настанува како резултат на претерана и непотребна употреба на витамин Д и дека може да доведе до различни здравствени проблеми.

„На повеќето луѓе кои јадат редовно не им се потребни додатоци во исхраната, но стана невообичаено пациентите несвесно да користат високи дози на различни витамини, особено за време на пандемијата на Ковид-19. Витаминот Д е еден од нив и за жал, често се среќаваме со неконтролирана употреба на високи дози на витаминот Д“, изјави таа.

„Луѓето треба да бидат свесни за содржините на социјалните медиуми што ги поттикнуваат луѓето да употребуваат витамини“, нагласи Мерџан, велејќи дека неконтролираната употреба доведува до нездрави резултати.

„Состојбата наречена хипервитаминоза Д може да се случи како последица на долготрајна употреба на витаминот Д или употреба во големи количини“, нагласи таа.

„Хипервитаминозата Д доведува до зголемено излачување на калциум (hypercalciuria), високо ниво на калциум во крвта (hypercalcemia) и нарушување на срцевиот ритам“, изјави Мерџан, додавајќи: „Употребата на витаминот Д мора да биде под надзор на лекар.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.