Турција

Турски вооружени сили: 1.400 лица отпуштени во рамките на истрагата за ФЕТО

Двегодишната вонредна состојба по пучот беше прекината на 20 јули 2018 година и оттогаш турските вооружени сили отпуштија 1.412 лица од персоналот

Dilara Hamit   | 13.04.2019
Турски вооружени сили: 1.400 лица отпуштени во рамките на истрагата за ФЕТО

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили од минатото лето отпуштија над 1.400 лица од нивниот персонал во пресрет на напорите за искоренување на инфилтрираните терористи на ФЕТО, јавува Anadolu Agency (АА).

По неуспешниот обид за државен удар во Турција кој беше извршен во 2016 година, турските институции, вклучувајќи ја армијата, работат на тоа да ги пронајдат и отстранат елементите на терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за државен удар.

Двегодишната вонредна состојба по пучот беше прекината на 20 јули 2018 година и оттогаш турските вооружени сили отпуштија 1.412 лица од персоналот.

Во рамките на дирекцијата на Министерството за национална обрана, 795 лица од персоналот на турските копнени сили биле отпуштени, заедно со 242 лица од персоналот на турските поморски сили и 375 лица од персоналот на турските воздушни сили.

Покрај тоа, на 106 војници им бил намален нивниот чин.

Владата прогласи вонредна состојба по обидот за државен удар кој се случи на 15 јули 2016 година, а во кој загинаа 251 лице и речиси 2.200 беа повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.