Турција

Турскиот претседател Ердоган со порака по повод 110 години од Копнените битки кај Чанаккале

„Жртвите, храброста и решителноста на турската нација ни го доверија 'Духот на Чанаккале'. Со прифаќањето на ова свето наследство, ќе останеме верни на нашите предци, ќе го одржиме духот жив без оглед на условите...“

Esra Tekin  | 25.04.2025 - Обновена : 26.04.2025
Турскиот претседател Ердоган со порака по повод 110 години од Копнените битки кај Чанаккале

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес со порака ја одбележа 110-годишнината од Копнените битки кај Чанаккале, јавува Анадолу.

„Жртвите, храброста и решителноста на турската нација ни го доверија 'Духот на Чанаккале'. Со прифаќањето на ова свето наследство, ќе останеме верни на нашите предци, ќе го одржиме духот жив без оглед на условите, и ќе го пренесеме на идните генерации“, рече Ердоган.

Турскиот претседател додаде дека исто како и во минатото, турската нација покажа, дури и под најтешките околности, дека ќе се обедини и ќе се спротивстави на секоја окупација по цена на својот живот заради својата татковина и знаме.

„Должноста на новите генерации е да ја одржат пораката за независност и иднина што беше врежана во камењата, почвата и морето на Чанаккале со крв, живот, одлучност и храброст. Со Столетието на Туркије, нашата цел е да бидеме достојни на нашите предци кои застанаа против најголемите сили на светот во Чанаккале, ги доведоа најсовремените армии од тоа време на колена и го променија текот на историјата“, додаде Ердоган во пораката.

„И покрај сите предизвици и потешкотии, ние остануваме одлучни да ја продолжиме оваа борба сè додека мирот, хармонијата и човечките вредности не ги заменат војната, тероризмот и насилството. Уште еднаш им оддавам почит на нашите херои од Чанаккале, особено Гази Мустафа Кемал (Ататурк), и им упатувам искрени желби на сите наши граѓани“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.