Турција

Турскиот претседател Ердоган го прими на средба премиерот на Либија, Дбеибех

По церемонијата на свечениот пречек со воени почести пред Претседателската палата во Анкара, започна состанокот на либискиот премиер со Ердоган зад затворени врати.

Ekip   | 12.04.2021
Турскиот претседател Ердоган го прими на средба премиерот на Либија, Дбеибех ( Foto: Emin Sansar/Anadolu Agency )

АНКАРА

Претседателот на Владата на национално единство на Либија, Абдул Хамид Дбеибех со состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја започна официјалната посета на Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).

По церемонијата на свечениот пречек со воени почести пред Претседателската палата во Анкара, во текот на која Дбеибех почесната гарда ја поздрави на турски јазик со поздравот „мерхаба аскер", започна состанокот на либискиот премиер со Ердоган зад затворени врати.

По средбата на Дбеибех и Ердоган планирана е средба на Либиско-турскиот совет за стратешка соработка на високо ниво, потоа потпишување на низа договори, а Ердоган и Дбеибех ќе говорат и на заедничка прес-конференција.

За колку значајна посета станува збор потврдува фактот дека во придржува ба премиерот Дбеибех во текот на дводневната посета на Анкара престојуваат пет заменици на премиерот, 14 министри, начелник на Генералштабот на Либија Мохамед ал-Хадад, и други владини функционери. Во Анкра претходно во текот на денот одржани се низа состаноци на министерско ниво.

Меѓу либиските министри што ќе бидат во придружба на Дбеибех ќе бидат министрите за надворешни работи, за внатрешни работи, економија и трговија, здравство, нафта, локална управа, финансии, промет, планирање, индустрија и рударство, животна средина, образование и уште двајца државни министри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın