Турскиот и рускиот претседател се сретнаа на маргините на самитот на ШОС во Кина
Ердоган беше придружуван од турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек...

ТЈАНЏИН/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на 25-тиот Самит на Шангајската организација за соработка (ШОС), јавува Анадолу.
Ердоган, кој престојува во Тјанџин, Кина, за 25-тиот самит на Советот на шефови на држави на ШОС, оствари средба со Путин во хотелот.
Ердоган беше придружуван од турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за трговија Омер Болат, шефот на Националната разузнавачка агенција Ибрахим Калин, шефот на турската Дирекција за комуникации Бурханетин Дуран и главниот советник на претседателот Чагри Ерхан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.