Средба на претседателите на Туркије и Алжир
Ердоган и Тебун ја започнаа својата билатерална средба по официјалната церемонија за пречек во Претседателска палата во Алжир.

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес беше пречекан од неговиот алжирски колега Абделмаџид Тебун во главниот град на Алжир, јавува Анадолу.
Ердоган и Тебун ја започнаа својата билатерална средба по официјалната церемонија за пречек во Претседателска палата во Алжир.
За време на посетата, двајцата претседатели ќе копретседаваат за време на состанокот на Советот за соработка на високо ниво на Туркије и Алжир.
На состанокот на Советот ќе се зборува за чекорите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Ердоган и Тебун ќе разменат и мислења за регионалните и глобални прашања, вклучувајќи ги тековните израелски напади во Газа.