Турција

Снегот во Кападокија ја истакна магичната убавина на пределот

Во Кападокија, која се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО, по снежните врнежи што започнаа синоќа, самовилските оџаци и природни карпести формации добија уникатна убавина

Behçet Alkan   | 14.01.2021
Снегот во Кападокија ја истакна магичната убавина на пределот

НЕВШЕХИР (AA) – Снегот и маглата во Кападокија, еден од светски познатите туристички региони во Невшехир, ги маѓепса туристите, пишува Агенција Анадолија (АА).

Во Кападокија, која се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО, по снежните врнежи што започнаа синоќа, самовилските оџаци и природни карпести формации добија уникатна убавина.

Со маглата, која е ефективна во регионот, во комбинација со снегот, Кападокија за туристите стана земја од бајките.

Некои од туристите пешачеа меѓу природните карпести формации, другите пак се возеа со теренските возила.

Кристина Нанда, туристка од Индонезија која шеташе околу калето Учхисар во изјавата за дописникот на АА рече дека ова ќе биде незаборавно уживање во Кападокија, бидејќи во нивната земја не паѓа снег.

Наведувајќи дека Кападокија има уникатен изглед по снежните врнежи Нанда рече: „Многу сум среќна што тука се сретнав со снегот. Во Кападокија бев пред две години, многу го сакам ова прекрасно место. Во Кападокија има убавини кои не можам да ги видам на ниту едно друго место во светот.“

Туристичкиот водич Нурвен Јуварлак, исто така, истакна дека Кападокија е испреплетена разни релјефни форми и има уникатна структура, и на туристите им нуди различни убави во секоја сезона.

Наведувајќи дека туристите се фасцинирани од Кападокија, Јуварлак нагласи:

„Кога паѓа снег во Кападокија, изгледа како самовилските оџаци да облекле венчаница. За да ги видат убавините на регионот доаѓаат луѓе од целиот свет. Кападокија е посебно место кој треба да биде виден од сите.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın