Турција

Сердар Караѓоз ја презеде функцијата генерален директор на Агенција Анадолија

„Интензивно работевме шест години за гласот на Анадолија да се слушне низ целиот свет. Искрено верувам дека новата администрација ова знаме ќе го издигне уште повисоко. Одржуваме церемонија на примопредавање која ќе биде пример за сите институции“

Mehmet Tosun   | 07.04.2021
Сердар Караѓоз ја презеде функцијата генерален директор на Агенција Анадолија

АНКАРА (АА) - Шенол Казанџи, претседател и генерален директор на Агенција Анадолија, својата функција ја предаде на Сердар Караѓоз.

Состанокот на Генералното собрание на Агенција Анадолија за 2020 се одржа во зградата на седиштето.

Во Генералното собрание сменети се членовите на бордот на директори, кои беа на функција шест години. Исто така, заврши мандатот на управата на АА на чело со Шенол Казанџи.

Во новиот Управен одбор на АА избрани се Сердар Караѓоз, доц. д-р Јусуф Озкир, проф. д-р Хасан Нури Јашар, доц. д-р Исмаил Чаглар и Бушра Карадуман.

На првиот состанок на Управниот одбор одржан подоцна, Сердар Караѓоз стана претседател на Управниот одбор и генерален директор на АА.

Шенол Казанџи, на примопредавањето на функцијата претседател и генерален директор на Управниот одбор на Сердар Караѓоз, истакна дека за успехот на АА работеле напорно шест години и му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговата поддршка.

Истакнувајќи дека е голема чест да се служи на оваа еминентна институција, Казанџи рече:

„Интензивно работевме шест години за гласот на Анадолија да се слушне низ целиот свет. Искрено верувам дека новата администрација ова знаме ќе го издигне уште повисоко. Денеска тука одржуваме церемонија на примопредавање која ќе биде пример за сите институции. Среќен сум што гледам дека новиот Управен одбор под претседателство на Сердар Караѓоз има искуство со кое институцијата ќе ја подигне на повисоко ниво. Би сакал да му се заблагодарам на Управниот одбор со кој работевме заедно. Во исто време, би сакал да им се заблагодарам на сите мои колеги кои со своето искуство направија АА да стане светски бренд.“

Сердар Караѓоз, новиот претседател на Управниот одбор и генерален директор на АА, заблагодарувајќи се на раководството на Шенол Казанџи, рече:

„Агенција Анадолија е меѓу најважните институции во Турција. Мисијата за пренесување на гласот на нашата земја и на народот на Анадолија во светот ни наметнува голема одговорност. Во согласност со мисијата, ќе вложиме големи напори. Успехот на АА во меѓународната арена ја зголемува нашата одговорност понатаму.“

Генералниот директор Сердар Караѓоз, заблагодарувајќи се на поддршката што ја дава на АА претседателот Реџеп Таип Ердоган, рече дека како новинска агенција на Турција ќе работат за да бидат поефикасни во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.