Полиња со лалиња како фотографско студио
Директорката на компанијата за производство, Бејхан Гурсес, во изјавата за АА рече дека дека на ова место дојдоа ентузијасти на природата и фотографијата.

Konya
КОЊА (АА) – АНИЛ КУРУ – Полето од 300.000 квадратни метри засадена со лалиња од страна на една компанија во градот Коња во Турција, привлекува стотици аматерски и професионални фотографи, јавува Anadolu Agency (AA).
На полето во регионот Каратај каде компанијата Асја Лале огледува 80 видови на лалиња, поттикна интерес пред се кај ентузиастите на фотографијата, кои се натпреваруваат едни со други за да направат што подобри фотографии. Исто така присуствуваат и фотографи кои со помош на дронови се обидуваат да направат фотографии на полето со лалиња од различни позиции.
Директорката на компанијата за производство, Бејхан Гурсес, во изјавата за АА рече дека дека на ова место дојдоа ентузијасти на природата и фотографијата.
„Овде дојдоа ентузијасти на природата и фотографијата. Нашето поле со лалиња го посетуваат исто така групи ученици од средни училишта и универзитети. Полето со лалиња со покажаниот интерес од страна на ентузијастите на фотографијата стана како студио за природни фотографии, коe за нив претставува многу добрa глетка за сликање", изјави таа.