Пет генерации мачки се евидентирани по педигре
Во Турција се воспоставува централен систем за педигре на мачките што живеат во земјата
ТЕКИРДАГ/АНКАРА (AA)
– Озѓун ТИРАН / Харун КУТБЕ
Во Турција се воспоставува централен систем за педигре на мачките што живеат во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Низ целиот свет, милиони мачки живеат на улица, а исто така има и мачки што живеат во семејства. Мачките на улица се соочуваат со разни опасности, некои луѓе ги убиваат од задоволство, некои се газени од возилата. Мачките очекуваат љубов и чувствителност од луѓето.
Иако постојат различни дебати, општото верување е дека мачките за првпат биле припитомени во Египет пред 4.000 години. Иако се познати како домашни миленици, најкарактеристична особина на мачките е нивното „независно“ однесување.

Ердал Емрехан Сакинмаз, генерален секретар на Светската асоцијација за раси на мачки, за дописникот на Агенција Анадолија (АА) раскажуваше за расите мачки, карактеристиките на расите и однесувањето на мачките.
Истакнувајќи дека нивното здружение е членка на Светската федерација на мачки со седиште во Германија, Сакинмаз рече дека тие имаат за цел да воспостават централен систем за евидентирање на педигрето на сите мачки кои живеат во Турција и да ја контролираат вредноста на мачките за размножување и програмите за грижа на животните.
Наведувајќи дека постои посебен софтверски систем во кој во Здружението се регистрирани повеќе од 5.000 мачки и дека продолжуваат со генеалошки студии кои ја документираат чистокрвноста на мачката, Сакинмаз рече дека во овој опсег ја чуваат евиденцијата на мачките.

- „Ние сме претставник на Турција за Генеалошкиот систем“
Истакнувајќи дека се грижат за генеалошките студии, Сакинмаз рече:
„Педигрето вклучува информации за расата, бојата, полот на мачката, од која земја потекнува или во која куќа е родена. Ги прикажуваме и предците до 5 генерации. Во нашиот систем се регистрирани повеќе од 5 генерации. Тоа може да достигне и до 10 генерации. Овој систем за регистрација постои долги години во Европа. Ние сме застапник на овој систем во Турција. Како здружение, од 2012 година до денес направивме генеолошки студии на 25.400 мачки во Турција.“
- „Регистрирани се 80 раси мачки“
Изразувајќи дека има околу 80 раси мачки регистрирани од Светската федерација на мачки, Емрехан рече: „Имаме мачки во Анкара и Ван, кои се нарекуваат турска ангора и турска ван мачка, како две различни раси. Анкара и ван мачките се сметаат за предци на сите мачки бидејќи имаат долга историја.“
Сакинмаз исто така додаде дека организирале семинари и обука за расите на мачките.

- „Мачките од Анкара и Ван се многу непослушни мачки“
Подвлекувајќи дека секоја раса мачки има различни карактери „исто како децата“, Сакинмаз додаде:
„Нивните карактеристики се обликувани од нивното воспитување, местото каде што се одгледани и куќата во која живеат. Некои мачки можат да бидат палави, исто како децата. Најпалавите мачки во светот се мачките од Анкара и Ван. Тие се многу енергични, се обидуваат да играат игри, се обидуваат да ги следат луѓето како сенка. Најмирна раса се персиските мачки. Темпераментот им е помирен. Персиските мачки се визуелно неверојатна раса бидејќи нивните влакна се долги. Тој што ќе ја види еднаш, сака да ја види повторно.“

- Избор на мачки според нивните карактери
Меѓу другото, Сакинмаз нагласи дека оние што сакаат да поседуваат мачка треба да избираат според карактерите на мачките.
Сакинмаз, предложувајќи им на семејствата со деца да изберат мачки од типот британска долговлакнеста мачка и британска кратковлакнеста мачка бидејќи тие мачки сакаат да се социјализираат, рече дека соодветно би било старите луѓе да претпочитаат персиска мачка, од видот егзотична кратковлакнеста мачка бидејќи се мирни. За оние што сакаат жива и палава мачка, Сакинмаз ги предложи мачките од Анкара и Ван.

- „Ниту едно животно не е неблагодарно“
Сакинмаз истакна дека не е точно верувањето дека „мачките се неблагодарни“, што го има и во песните и поговорките.
Подвлекувајќи дека секое живо суштество на кое ќе му се пристапи со љубов ќе одговори со љубов, Сакинмаз нагласи:
„Ниту едно животно не е неблагодарно. Мајка ми е сопственик на мачка од детството, а јас пораснав со мачки. Никогаш не сме виделе неблагодарност од мачки. Не нè касаа, ниту пак нè гребеа. Тие се многу лојални животни, исто како кучињата. Најважно е како најважно луѓето пристапуваат кон животните.“
- „Имаат позитивни ефекти врз кардиоваскуларното здравје“
Истражувачот Џелалетин Еткин Шафак од Одделението за однесување на животните во болницата за животни при Факултетот за ветеринарна медицина во Анкара рече дека мачките имаат и физиолошки и психолошки ефекти врз човековото здравје.
Шафак наведе дека луѓето кои се затворија во своите домови поради мерките за време на епидемијата на Ковид-19, својот социјален живот го поминаа со домашни миленици, сметајќи ги за член на семејството.
Според истражувањата, како што истакна Шафак, особено мачките кои се чуваат дома имаат позитивни ефекти врз кардиоваскуларното здравје на луѓето.

Додавајќи дека растењето на децата со мачка до 6-годишна возраст го намалува ризикот од алергиски реакции во подоцнежниот живот, Шафак рече дека исто така децата ги прави психолошки поздрави.
„Истовремено, студиите покажаа дека децата кои се грижат за мачки имаат поразвиено чувство за одговорност подоцна во животот“, нагласи Шафак.
Истакнувајќи дека мачките имаат очекувања и од луѓето, Шафак рече: „Всушност, нивните очекувања се помали од оние на кучињата, и се ограничени на богатството на животната средина. Доколку доволен број садови за храна бидат правилно поставени, и ако ја чуваме вистинската раса, можеме да воспоставиме среќен однос мачка - човек во заедничкиот простор.“
