Палестински дипломат сo благодарност до Anadolu Agency за храброто покривање на настаните
За време на средбата амбасадорот изрази задоволство за интересот и сензитивноста на АА во врска со палестинското прашање и се заблагодори до агенцијата за храброто и принципиелно новинарство

АНКАРА (АА) - Палестинскиот амбасадор во Турција го пофали, како што рече, храброто и принципиелно новинарство на Anadolu Agency за време на неговата денешна посета на седиштето на агенцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата, предводена од амбасадорот Фаед Мустафа во Анкара се состана со Шенол Казанџи, генералниот директор на агенцијата и Метин Мутаноглу, заменик-генералниот директор и главен уредник.
За време на средбата амбасадорот изрази задоволство за интересот и сензитивноста на АА во врска со палестинското прашање и се заблагодори до агенцијата за храброто и принципиелно новинарство.
Казанџи и Мустафа дискутираа за соработката меѓу Anadolu Agency и палестинската државна новинска агенција ВАФА (WAFA).
Двете страни исто така се согласија за зајакнување на соработката меѓу двете агенции.