Операција против терористичката ФЕТО во Измир, приведени 18 лица
Републичкото главно обвинителство во Измир издаде наредба за приведување на 18 лица за кои е откриено дека ја користеле кодираната апликација за комуницирање користена од страна на ФЕТО, „Бајлок“

ИЗМИР (АА) - Во операцијата извршена против терористичката организација ФЕТО во турскиот град Измир, приведени се 18 осомничени лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Републичкото главно обвинителство во Измир издаде наредба за приведување на 18 осомничени лица за кои е откриено дека ја користеле кодираната апликација за комуницирање користена од страна на ФЕТО, „Бајлок“ (ByLock), и чии имиња биле споменати во некои истраги.
Тимовите на Одделот за организиран криминал при полициската дирекција извршиле операција на одредени локации во овој град.
Во рамки на операцијата приведени се 18 осомничени лица меѓу кои актуелни и поранешни полициски функционери, кои потоа биле пренесени во полициска станица.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.