Неверојатни фотографии: Водата во Босфор стана тиркизна
- Фоторепортерот на АА со дрон ги забележа фотографиите на мореузот, на кои преминот меѓу двата континенти може да се види во преубава тиркизна боја.

ИСТАНБУЛ
Истанбулскиот мореуз Босфор кој го раздвојува европскиот од азискиот дел на Турција и го поврзува Мраморното и Црното море, ја промени својата боја во тиркизна, што ги загрижи но и без сомнеж ги воодушеви граѓаните на Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фоторепортерот на АА со дрон ги забележа фотографиите на мореузот, на кои преминот меѓу двата континенти може да се види во преубава тиркизна боја.
Промената на бојата на морето во тиркизна се случувало и порано, последен пат во 2017 година.
Експертите сметаат дека постојат повеќе фактори кои можат да влијаат на промената на бојата на морето, а еден од нив се однесува на перспективата на сончевата светлина.
Се наведува исто така дека е можно да се работи за т.н. „планктонска експлозија“ односно пораст на бројот на планктони, микроскопски ситни растителни и животински организми кои престојуваат во морето или копнените води.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.