Ердоган: Турција го следи процесот за набавка на авионите Ф-35
„Им кажавме (на САД): ‘Плативме, а сепак сè уште не ги имате испорачано Ф-35.' Тоа е тоа. Сега ја следиме ситуацијата“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција го следи процесот на набавка на воените авиони Ф-35, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
„Им кажавме (на САД): ‘Плативме, а сепак сè уште не ги имате испорачано Ф-35.' Тоа е тоа. Сега ја следиме ситуацијата“, рече тој на прием во турскиот Парламент.
Минатиот четврток, американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Ердоган имаа средба во Белата куќа, а меѓу точките на дневен ред беше и прашањето за борбените авиони Ф-35.
По средбата, Трамп рече дека „имале многу добар разговор во врска со купувањето воена опрема“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.