Земјотрес со магнитуда од 5 степени го погоди Мраморно Море во Турција
Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил крај брегот на градот Мармарареглиси во северозападната област Текирдаг

ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5 степени го погоди Мраморно Море во Турција денес, соопштија властите, јавува Анадолу.
Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил крај брегот на градот Мармарареглиси во северозападната област Текирдаг во 14:55 часот по локално време.
Земјотресот се случил на длабочина од 6,71 километар.
Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека по земјотресот со магнитуда од 5 степени досега нема извештаи за штети во Истанбул.
Мраморното Море ги поврзува Егејското и Црното Море.