Турција

Ердоган: „Туркије во третиот квартал оствари економски раст од 3,9 отсто“

„Продолжувајќи со напредокот во областа на демократијата и развојот во нашата држава, чекор по чекор ја воведуваме Туркије во 2023 година“

Ali Kemal Akan  | 30.11.2022 - Обновена : 01.12.2022
Ердоган: „Туркије во третиот квартал оствари економски раст од 3,9 отсто“

АНКАРА (АА) - Во време додека расте загриженоста поради глобалната рецесија, многу е важно за Туркије да продолжи со економскиот раст, изјави претседателот на Туркије и владејачката АК Партија, Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во обраќањето на состанокот на АК Партијата во седиште на партијата во турската престолнина Анкара, Ердоган истакна дека ја подготвуваат Туркије за мирна и просперитетна иднина реализирајќи проекти и очекувања на граѓаните, како што тоа го правеа сите изминати 20 години.

„Продолжувајќи со напредокот во областа на демократијата и развојот во нашата држава, чекор по чекор ја воведуваме Туркије во 2023 година“, рече Ердоган.

Тој потоа потсети на голем број мегапроекти и инфраструктурни проекти кои ги оствариле во изминатите две децении.

Турскиот претседател нагласи дека Туркије вложила големи напори и на меѓународната сцена и дека изминатите години во турските градови успеале да привлечат голем број големи инвестиции.

„Пред сѐ, можеме да кажеме дека постојат четири главни теми, а тоа се економијата, дипломатијата, борбата против тероризмот и прашањето со бегалците. Можеме да кажеме дека остваруваме успеси и ќе продолжиме така во соочувањето со овие прашања“, изјави Ердоган.

Тој потоа потсети дека Туркије во третиот квартал остварила економски раст од 3,9 отсто, додека растот во вториот квартал изнесувал 7,7 отсто.

„Во време додека расте загриженоста поради глобалната рецесија, многу е важно Туркије да продолжи со растот. Се надевам дека 2022 година ќе ја завршиме на рекордно ниво и ќе направиме добар почеток во 2023 година“, изјави турскиот претседател.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.