Турција

Ердоган: Покрај пандемијата, светот се соочува и со глобална социо-економска криза

„Водиме тешка борба против невидливиот непријател. Самитот на турскиот совет ќе ја зголеми нашата солидарност во борбата со Ковид-19“, рече Ердоган

Sibel Kurtoğlu   | 10.04.2020
Ердоган: Покрај пандемијата, светот се соочува и со глобална социо-економска криза

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека Турција бара начини да ги заштити трговските односи од последиците што ги остава пандемијата на Ковид-19, а дека соработката е клучна, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Мерките против Ковид-19 би можеле значајно да ја погодат трговијата. Од таа причина работиме на практични решенија за тарифите и граничните контроли кои ќе овозможат здравјето да биде приоритет, но и ќе ја ублажат штетата на трговијата“, изјави Ердоган на самитот на Турскиот совет, на кој учествуваше преку видеолинк.

Тој додаде дека Турција е во војна со невидлив непријател и дека самитот на Турскиот совет ќе помогне во борбата против Ковид-19.

„Соочени сме со глобална социоекономска криза и пандемија воедно“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека работат на овозможување транспорт на додатни 3.500 тони стока преку железничката линија Баку - Тбилиси - Карс.

Ердоган потсети дека со цел спречување на ширењето на заразувањето, се воведени низа ограничувања на превозот на патниците.

„Но, сè додека тоа го дозволуваше спротивната страна, никогаш не одолговлекувавме со испораката на стока. Во тие рамки од сите пријатели очекуваме да ја покажат потребната флексибилност. И комуникацискиот сектор поминува низ важен испит“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека епидемијата покажала и дека е неопходно овој сектор во кризни времиња да работи без прекин.

„Верувам дека нашиот Совет ќе може да има и улога кога станува збор за развојот на кибербезбедноста и нејзината имплементација. Со цел разговор за сите овие прашања, предлагам министрите за транспорт и трговија да разговараат преку видеоконференција“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека од почетокот на епидемијата овозможиле враќање на 25.000 граѓани од 64 земји.

„Со божја помош, ќе ја добиеме војната против коронавирусот. Потоа ќе бидеме соочени со фактот на постоење на еден нов свет. Поради тоа, додека од една страна водиме борба, од друга страна би требало да вршиме подготовки за периодот по епидемијата. Итно би требало единствено да пристапиме на ситуацијата, соработка во секторите за здравство, трговија, економија, психологија на масата, и да преземеме неопходни чекори“, изјави Ердоган.

Тој предложи и формирање координиран механизам за соработка меѓу националните кризни штабови, а со цел создавање стратегии за периодот по епидемијата, размена на искуства и информации и пронаоѓање решенија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.