Турција

Ердоган: Исламските земји започнаа посебна програма за поддршка на Сирија

„Интеграцијата на Сирија со регионалните економии ќе донесе придобивки и за Сирија и за нашиот регион“

Gökhan Ergöçün  | 03.11.2025 - Обновена : 03.11.2025
Ердоган: Исламските земји започнаа посебна програма за поддршка на Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка (COMCEC) на Организацијата за исламска соработка (OIC) започна посебна програма за поддршка на Сирија, објави претседателот Реџеп Таип Ердоган денес, додавајќи дека поддршката на исламскиот свет е исклучително важна за обезбедување на политичкото единство и територијалниот интегритет на земјата, јавува Анадолу.

„Преку оваа програма, која ќе придонесе за зајакнување на човечките и институционалните капацитети, ќе обезбедиме поддршка со проект за Сирија во области, како што се обука, размена на експерти, анализа на потребите и студии за изводливост“, рече Ердоган за време на 41. министерски состанок на COMCEC денес во Истанбул.

„Речиси 14 години нашите сириски браќа и сестри плаќаат висока цена; речиси еден милион Сиријци ги загубија животите во нападите на режимот на Баас и терористичките организации“, изјави Ердоган.

„Милиони беа принудени да мигрираат, меѓу кои 3,6 милиони во Турција. Во текот на овој процес ги угостивме сириските бегалци со чувство на гостопримство.“

Тој рече дека Турција се труди да ја исполни својата должност за братство и добрососедство на најдобар можен начин.

„Фала му на Алах, угнетените Сиријци конечно ја постигнаа победата“, нагласи тој.

Тој додаде дека злосторствата и крвопролевањето завршиле по 14 години со револуцијата на 8 декември и дека Сирија влегла во процес на закрепнување под решително водство на сирискиот претседател Ахмад ал-Шара.

Ердоган нагласи дека Турција продолжува да го поддржува сирискиот народ во областите од транспорт до образование, од безбедност до трговија, од здравство до социјални услуги, наведувајќи:

„Поддршката од нашата организација и исламскиот свет е исклучително важна за обезбедување на политичкото единство и територијалниот интегритет на земјата и трајниот просперитет на нашите сириски браќа и сестри.“

„Интеграцијата на Сирија со регионалните економии ќе донесе придобивки и за Сирија и за нашиот регион“, рече Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın