Дроб-сарма: Извонреден вкус завиткан во „јагнешка кошулка“
Туристите кои ќе го посетат Едрене имаат можност да ги пробаат извонредните вкусови на османлиската, балканската и кујната од османлискиот двор. Тие во овој град доаѓаат за да го пробаат извонредниот вкус на дроб-сармата.

Edirne
ЕДРЕНЕ (АА) - Хакан Шахин
Турскиот град Едрене, во последните години се истакнува по кулинарскиот специјалитет дроб-сарма, подготвен на румелиски (балкански) начин, кое е едно од највкусните јадења на градот.
Дроб-сармата, која со миграциите од Румелија пристигнала во Едрене е едно од јадењата на „домашното мени“ за време на Курбан бајрам, а во исто време е на секојдневното мени во рестораните на старите мајстори во градот.
Јагнешкиот џигер ситно се сечка во рацете на мајсторите на кујната, слично на мелено месо, и заедно со подготвениот ориз, смесата се поставува во внатрешноста на „јагнешката кошулка“.
Формирајќи топки во „јагнешка кошулка“, подготвениот специјалитет со става во рерна и се пече додека не поцрвени како калинка. Вака подготвеното јадење е специјалитет на кој не можат да му одолеат ниту локалните жители, ниту туристите.
- Во овој град џигерот се подготвува на повеќе начини
Ахмет Хаџиоглу, директорот за култура и туризам на областа Едрене, за АА изјави дека покрај богатите културни и историски знаменитости, Едрене во исто време е едно од значајните области во Турција, и според гастрономијата.
Хаџиоглу истакна дека во Едрене не се подготвуваат само балкански јадења, туку и јадења од анадолската и османлиската кујна, и дека градот поседува многу широка гастрономска култура.
- „Има готвачи кои дроб-сармата ја подготвуваат на специјален начин“
Хаџиоглу, зборувајќи за повеќето видови јадења што се подготвуваат од џигер, нагласи дека во преден план се јадењата донер-џигер и албански џигер, кои заедно со дроб-сармата се јадења што го привлекуваат вниманието на домашните и странските туристи.
Посочувајќи дека се организираат специјални туристички тури за домашни и странски туристи, за тие да ги пробаат овие специјалитети, Хаџиоглу изјави: „Навистина, нашиот град има многу широка гастрономска култура. Туристите кои ќе го посетат нашиот град имаат можност да ги пробаат извонредните вкусови на османлиската, балканската и кујната што се подготвувала на османлискиот двор. Едно од тие јадења е дроб-сармата. Со специјално организирани тури, туристите доаѓаат во нашиот град за да го пробаат вкусот на јадењето од џигер, кое заедно со ориз се обвиткува во јагнешка кошулка.“
- Рецепт за дроб-сарма од мајсторот на кујната
Еден од мајсторите за подготвување на дроб-сармата е Сакип Калкан, кој рече дека пред почетокот на подготовката, потребно е оризот и „јагнешката кошулка“ да се натопат во вода.
Калкан, подготовката на јадењето ја продолжи со зборовите:
„Јагнешкиот џигер се сечка на ситни парчиња и без ништо се пече во тава. Се додава сол и се покрива со поклопка. Во тенџере се става путер, се додава претходно исечкан кромид и се пржи. Оризот се цеди и се додава во тенџерето. Потоа се додава најгвирц (пимент), сол, цимет, црн пипер, шеќер во коцка, птичјо грозје (Zante currants), и на крај се додава испечениот џигер, по што целата смеса се полева со топла вода. Така подготвената смеса се вари додека оризот не ја впие целата вода. Како декорација на подготвениот ориз, мешајќи, можат да му се додадат ситно сечкани и попарени нане и копар.“
Калкан рече дека потоа „јагнешката кошулка“, која стои во топла вода за да може да се отвори, се цеди од водата и се сече на големи квадрати. „Секоја кошулка се става во црпалката и се полни со подготвената смеса од ориз и џигер. Со деловите од кошулката што висат надвор од црпалката, се затвора целата смеса, и вртејќи ја наопаку, се поставува во тава претходно намачкана со путер. На крајот, подготвените дроб-сарми се мачкаат со жолчка од јајце. Се печат на 180 степени додека не поцрвенат како калинка“, го заврши рецептот Калкан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.