Турција

Впечатливите архитектонски згради и шарените фасади во Анкара го пленат окото на посетителите

Паралелно со историските градби, вниманието го привлекуваат и поновите структури чиј изглед е збогатен со шарени мурали, илустрации со различни тематски мотиви и фасади дизајнирани да потсетуваат на наредени книги

Aida Cako  | 21.11.2025 - Обновена : 21.11.2025
Впечатливите архитектонски згради и шарените фасади во Анкара го пленат окото на посетителите Фото: Muhammed Abdullah Kurtar/AA

СКОПЈЕ (АА) – Турската престолнина сè почесто привлекува внимание не само со објектите изградени во раните години на Републиката, кои ја одразуваат архитектурата на тој период, туку и со современите градби чија фасадна естетика се издвојува со живописните цртежи и креативните дизајни, јавува Анадолу.

Во централниот дел на Анкара, особено околу плоштадот „Кизилај“, доминираат станбени згради од раната републиканска ера, кои претставуваат значајни примери за архитектонскиот модернизам од тој период. Овие објекти, заедно со модернистичките структури покрај булеварот „Ататурк“, често се предмет на анализи и студии од страна на архитектите и урбанистите.

Паралелно со историските градби, вниманието го привлекуваат и поновите структури чиј изглед е збогатен со шарени мурали, илустрации со различни тематски мотиви и фасади дизајнирани да потсетуваат на наредени книги.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın