Турција

Во Турција приведени 180 припадници на ФЕТО

- Во антитерористички операции што безбедносните сили денес ги спроведоа во Турција приведени се 180 осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО

Ali Murat Alhas   | 18.02.2020
Во Турција приведени 180 припадници на ФЕТО

АНКАРА 

Во антитерористички операции во Турција денес се приведени 180 осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

„50 од приведените се дел од групата од 71 припадници на ФЕТО, кои се инфилтирирале во Министерството за правда и кои се бараат со налози за приведување низ 15 градови во операција наредена од страна на обвинителите на главниот град Анкара“, велат изворите кои сакаа да останат анонимни.

Исто така, во областа Измир, како дел од истрагата за инфилтрирањето на ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), безбедносните сили фатија 101 од 157 осомничени лица, вклучувајќи и лица кои се во активна служба.

Дваесет и девет други осомничени лица се приведени во Анкара како дел од операцијата во која се истражува инфилтрирањето на терористичката организација во Командата на турските копнени сили.

Безбедносните власти, исто така, издадоа налози за апсење на 467 други осомничени лица за кои се верува дека нелегално се здобиле со прашањата за испит за прием во полицијата.

Обвинителите ја обвинуваат терористичката организација дека ги крадела испитните прашања со цел да им помогне на членовите на ФЕТО да се инфилтрираат во државните институции.

Припадниците на терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Терористичката организација ФЕТО стоeше и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок, преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın